Ивановски трет во Европа
Калин Ивановски го освои третото место на Европскиот шампионат за тенисери до 14 години, во Чешка, јави Македонската тениска федерација (МТФ). Ивановски во полуфиналето загуби од 4-от носител на Европскиот шампионат Мили Полјицак од Хрватска со 1-6, 1-6. Полјицак е на петтото место на Европската ранг-листа за јуниори до 14 години. Ивановски на патот до успехот ги победи Михаил...
Од 2001 година европските прваци се од Балканот
Србија во саботата четврти пат во низа стана континентален првак во ватерполо
Репрезентацијата на Србија четврти пат едноподруго е европски првак во ватерполо, по победата на пенали над Шпанија (вкупен резултат 12-10, по четири четвртини беше 7-7), во финалето на Европското првенство (ЕП) во Барселона. Бронзата ја освои Хрватска со победата во мечот за третото место над Италија со 10-8.
Ова...
Еколозите реагираат, но на Водно продолжува градењето на гасоводот
Јавноста повторно реагираше и побара стопирање на градежните зафати на Водно за изградба на Магистралната делница 5 од гасоводот, кој ќе поминува низ сртот на заштитената парк-шума Водно.
Голем број граѓански здруженија реагираа и побараа формирање работна група во која би биле вклучени членови од Министерството за транспорт и врски од „Македонски енергетски ресурси“, кои во соработка со Владата и...
„Помошникот“ Томас за 11 години од претпоследен до шампион на Тур
Томас за кого ова е прв триумф на Тур и на некоја грантур-трка, на Скај и на Велика Британија им ја донесе шестата победа на последните седум изданија на престижната трка
Велшанецот Герент Томас (32) од тимот Скај, е победник на 105-от Тур де Франс што заврши вчера на Елисејските Полиња во Париз. Последната етапа беше ревијална и на неа...
Нов тренд – скијање на суво
Со скијањето на сувите патеки повеќе се развива чувството за скијање и за свртување, кое потоа се пренесува на снег и единствено само се приспособува на поголема брзина, вели поранешниот член на британската скијачка екипа Ник Фелоус
Скијањето и сноубордот се синоним за зимата и за снегулките што паѓаат од небото, но снегот не е единствен предуслов за реализација во...
На автобуската и на железничката станица нема гардероби, а патниците шетаат со куфери
Патниците, кои пристигнуваат на скопската автобуска и на железничката станица, се врткаат и не знаат каде и кому на сигурно да му ги остават своите куфери и патни торби за да прошетаат низ градот до вечерниот термин за воз. Никаде ниту на автобуската ниту на железничката станица не се гледа табла, ознака или што било на кое пишува некакви...
Кина и Велика Британија планираат договор за слободна трговија
Кина и Велика Британија планираат да почнат разговори за Договор за слободна трговија меѓу двете земји по излезот на Лондон од Европската унија, соопшти денеска во Пекинг новиот британски министер за надворешни работи Џереми Хант.
Хант ја избра Кина за прва посета надвор од Европа, откако стана министер за надворешни работи на почетокот на јули, откако Борис Џонсон поднесе оставка...
Вулкан во Индонезија блокираше над 500 планинари
Повеќе од 500 планирани се наоѓаат блокирани на вулканот Ринџани на индонезискиот остров Ломбок, по силниот земјотрес што вчера го погоди регионот, при што загинаа 16 лица и беа уништени стотина куќи.
Земјотресот со интензитет од 6,4 степени предизвикал лизгање на земјиштето што го затрупа патот кој води до вулканот.
Се работи за вториот најголем вулкан во Индонезија кој е популарна...
Гран при на фестивалот на античка драма „Стоби“ за „Ардалион“ од Ерменија
На древната сцена во античкиот амфитеатар синоќа со доделување на наградите заврши 17. Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“ 2018.
Со Гран при за најдобра драма е наградена претставата „Ардалион“ античка мимодрама чиј автор и режисер е Жираир Дадасјан во продукција на Ереванскиот државен театар на пантомина од Ерменија.
Според образложението на жирито на фестивалот, со кое претседаваше...
Балканско домино, Бугарија е следна
Не знам зошто јас би одел на ,,гласање“ со работен наслов ,,референдум“. Договорот за промена на името на ДРЖАВА, каква-таква, веќе е потпишан и без моето мислење. Или Никос Коѕијас има лесна нога или Никола Димитров има лесна рака за потпис. Ако државата ја интересираше моето мислење за ,,разликите“ за името и дали за тоа треба да се разговара...








































