ЕК: Косовските царини се штетни и загрижувачки
По повеќе дена чекање да се види дали Косово и земјите од регионот ќе успеат да ги надминат разликите во трговскиот спор, Европската комисија се огласи со остар речник кон Приштина, јави дописничката на МИА од Брисел.
Иако ЕК ја поздрави одлуката на косовоските власти да ги укинат заштитните мерки за увоз на овошје и на зеленчук кои доаѓаат од...
Заев: Опозицијата да се вклучи и да ги повика граѓаните да излезат на референдумот
Премиерот Зоран Заев очекува поддршка од пратениците од владеачкото мнозинство во Собранието за отпочнување на иницијативата за референдумот. Од кумановско Черкези, премиерот повтори дека 30-ти септември е таргетираниот датум за одржување на референдумот.
- Тоа што јас го знам е дека процедурите се отпочнати во Собранието. Оттаму веројатно денеска ќе има информации. Она што јас сум информиран во консултација со...
МФ: Седумдесет и два капитални проекта за подобри услови за живот во општините
Градинка, јавни објекти, водоводна мрежа, локални патишта се некои од капиталните инвестиции што се реализирани изминатата година, преку Проектот за подобрување на општински услуги што го спроведе Министерството за финансии (МФ).
Според овие информации, публикувани во согласност со податоците на проектната единица во Министерството, од јуни 2017 до јуни 2018 година, реализирани се 72 капитални проекта во 41 општина, само...
Кредитите на домаќинствата зголемени за скоро 10 отсто за една година
За таквите кредитни остварувања на банките причината е нивната воздржаност од поинтензивно кредитирање на стопанството поради неизвесноста за идните општествено-економски случувања во земјата, што ја зголемува нивната претпазливост при пласирањето на своите средства имајќи ја предвид високата ризичност на пласманите во претпријатијата
Граѓаните масовно се задолжуваат во банките за потрошувачки и станбени кредити. Економистите апелираат во вакви услови банките да...
Виена ги добива првите автобуси без возач
Во рамки на програмата „Мобилност на иднината", поддржана од австриското Министерство за сообраќај, по тримесечни интензивни подготовки во Виена се одржа и успешно заврши првото пробно возење на два градски автобуса без возач.
- Автобусите, во присуство на оператор, ги превезоа одушевените патници на рута од околу два километра - од станицата У-2 до Технолошкиот центар Асперн и назад -...
Доказите не го скршија Ристевски, тоа го стори сведочењето на ќерка му
Обелечен во истото црно одело, Борче Ристевски не го менуваше изразот на лицето во текот на двете недели поминати во судницата во Мелбурн. Ништо не го потресуваше, ниту доказите на полицијата која тврди оти тој ја убил неговата сопруга Карен во 2016 година, ниту деталите изнесени од патологот за состојбата на телото, или пак, обвинувањата дека ги лажел неговото...
Душан Јањиќ: Поделбата на Косово води кон војна
Српските политичари не ги разбираат косовските Срби, тие не разбираат ни што би значела поделбата на Косово во пракса, ниту дека тоа ги зголемува можностите за конфликт, смета претседателот на српскиот Форум за етнички односи, Душан Јањиќ.
- Тоа не едноставна работа. Србите од северно Косово веќе ги имаат спакувано куферите. Тие многу добро знаат дека до конфликти доаѓа...
Заев-Ханеда: Договорот со Грција беше постигнат со голема храброст на двете влади
Амбасадорката на Јапонија во земјава, Кеико Ханеда на средбата денеска со премиерот Зоран Заев му честиташе за постигнатиот договор со Грција, посочувајќи дека по неговото потпишување чувството на меѓународната заедница е дека двете земји се големи пријатели.
Како што соопшти владината прес-служба, истакнувајќи дека Јапонија секогаш била голем пријател на Македонија, премиерот Заев посочи дека особено ја цени поддршката...
Четворицата странски велосипедисти намерно прегазени во Таџикистан
Полицијата во Таџикистан информираше дека четворица странски велосипедисти загинале, откако во нив намерно удрило возило, со што тие најверојатно биле цел на терористички напад.
Седумчлената група велосипедисти од САД, Швајцарија, Холандија и Франција биле прегазени вчера во рурален дел од земјата, околу 90 километри југоисточно од главниот град Душанбе.
Првичните информации беа дека групата била прегазена од возач кој потоа побегнал...
„Дизни“ купува дел од „Фокс“ за 71,3 милијарди долари
Акционерите на компанијата „Фокс“ („Twenty-First Century Fox“) ја одобрија продажбата на делот за забава на компанијата „Дизни“ за 71,3 милијарди долари.
Со тоа во сопственост на „Дизни“ ќе припадне и франшизите на Икс-мен (X-Men) и Осветници (Avengers).
Преговорите почнаа во декември 2017 година, кога „Дизни“ ја даде првата понуда за дел од медиумскиот конгломерат на Руперт Мердок и започна лицитациска војна...







































