Комеморација во чест на академик Милан Ѓурчинов

Утре со почеток во 11 часот во просториите на Друштвото на писатели на Македонија ќе се одржи комеморација за неодамна починатиот книжевен научник, критичар и есеист, долгогодишен активен член на писателската асоцијација и во извесен период и нејзин претседател, академик Милан Ѓурчинов. Како еден од најкомпетентните проследувачи на македонската книжевност, со својот впечатливо обемен и квалитетен опус, Ѓурчинов даде неодминлив...

Стружанец ја претепал осумгодишната внука со дрвена летва

Шеесет и седумгодишниот Р.М. од Струга доби кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“. Пријавениот, како што соопшти СВР Охрид, во дворот на семејната куќа почнал расправија со неговата осумгодишна внука. - Изреволтиран, со дрвена летва почнал да ја удира внуката по главата и телото нанесувајќи и телесни повреди, информира полицијата.

Феридун Исиман 20-ти пат учествува на кичевската колонија

Ако за некој уметник може да се каже дека е вистински инвентар на една колонија, тоа најмногу важи за професорот од Северен Кипар, Феридун Исиман, кој летово го одбележа дваесетото учество на Интернационалната кичевска ликовна колонија. Тој за овој период создал над 80 дела од кои повеќето се во депото на Куќата на уметноста во селото Кнежино. - Кога првпат...

Двајца загинати во нова поморска несреќа во Црна Гора

Во поморска несреќа што се случи во Заливот Бока Которска, во близина на Луштице, две лица загинаа, а повеќемина се повредени. Несреќата се случи откако се судрија моторна јахта и едрилица, изјави директорот на Управата за поморска безбедност Сафет Кочан. Тој додаде дека во тек е акција за спасување на повредените лица. Во спасувачката акција е вклучен и хеликоптер. Тоа е втора...

Скапоценоста на парчето накит е во неговата приказна

Марта Пејоска и Биби Клекачкоска, дизајанерки Марта Пејоска Изложба на современ накит, инспириран од дијатомеи, ендемски вид микроскопски синтетизирачки алги во Охридско Езеро, на дизајнерките Марта Пејоска и Биби Клекачкоска, е отворена во рамките на фестивалот „Охридско лето“. Изложбата под наслов „Скриеното, чудесно“ е поставена во галеријата на Марта Пејоска. Станува збор за серија брошеви изработени во различни техники и материјали....

Пробив на туѓите пропаганди

Преродбенските пројави на македонството (4) Писмо од Теодосија Гологанов до папата во кое пишува: „Нашата желба произлегува од историското право на македонскиот православен народ да се ослободи од јурисдикцијата на туѓинските цркви, Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија, да се обедини во своја единствена православна црква и да ги добие сите белези на народ што има право на самостоен духовен и...

Скијач исчезнат пред повеќе од 60 години идентификуван со помош на Фејсбук

Француски скијач кој исчезнал во Италија пред повеќе од 60 години и чиишто остатоци беа најдени во 2005 година, конечно е идентификуван откако приказната за него беше објавена на Фејсбук, соопшти италијанската полиција. Телото и ски опремата се најдени во италијанскиот регион Аости, на Алпите, на 3.000 метри надморска височина. Но, истражителите не можеле да ја идентификуваат жртвата, сė додека...

Заталкани куршуми оштетија возила во Тетовско и Гостиварско

Четири случаи на заталкани куршуми се пријавени во Секторот за внатрешни работи Тетово, а освен материјална штета, за среќа не се пријавени повредени. Куршумите завршиле во автомобили. Во неделата во 13 часот и 30 минути било пријавено дека во Желино, во дворот од куќа сопственост на М.А.(41), од заталкан куршум било оштетено задно ветробранско стакло од патничко моторно возило „Мерцедес“ со...

Академскиот интегритет ќе биде заштитен со закон

ЦРНА ГОРА Владата на Црна Гора го прифати текстот на Законот за академски интегритет, кој ќе ја регулира проблематиката со плагијатите при пишување и одбрана на докторатите и другите научни трудови. Министерот за образование Дамир Шеховиќ вели дека овој закон ќе биде крај за уривањето на имиџот на академската заедница и тој носи симболична порака за тоа дека одговорноста за...

Хотелиерите се жалат на недостиг од кадар, а не сакаат да платат повеќе

Работодавците во Хрватска остро се спротивставија на предлогот на министерот за туризам за зголемување на платите во хотелиерството и угостителството за 30 проценти ХРВАТСКА Предлогот на хрватскиот министер за туризам Гари Капели за еднократно зголемување на платите на угостителските работници за 30 проценти наиде на остри реакции и коментари кај претставниците на хотелиерскиот сектор во Хрватска. Оваа храбра изјава на хрватскиот...