Поднесена прва приватна тужба против одговорни за пожарот во Грција

Пензиониран офицер од морнарицата на Грција поднесе прва приватна тужба против лица одговорни за големиот пожар што ја погоди источна Атика на 23 јули. Панајотис Стаматис поднел тужба против сите одговорни вклучително и министри, вработени во министерства, официјални претставници на Атика и други. Побарал од судовите да испитаат дали може да бидат поднесени тужби  за сериозни кривични дела, вклучително и убиство,...

Ѓоковиќ e фаворит на Ју-Ес опен според коефициентот на „Вилијам Хил“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е најголем фаворит за освојување на турнирот Ју-Ес опен според коефициентот на британската букмејкерска компанија „Вилијам Хил“. Коефициентот дека Ѓоковиќ третпат во кариерата ќе слави во Њујорк изнесува 3,75, а на второто место со коефициент 4,5 е швајцарскиот тенисер Роже Федерер, кој последен пат го има освоено овој турнир во 2008 година. На третата позиција е трикратниот...

Помали акцизи за малите произведувачи на алкохол

Се намалуваат акцизите за малите произведувачи на алкохол, со новиот Предлог закон за акцизи, што го подготви Министерството за финансии, а кој е усогласен со директивите директивите на Европската унија. Според Предлогот, малите дестилерии ќе плаќаат 50 проценти од полната акциза по литар алкохол, а земјоделците -  мали производители 8,5 проценти од полната акциза по литар алкохол. Кај големите производители...

Набљудувањето мечки популарно меѓу туристите во Словенија

Се поголем број туристи ја посетуваат Словенија со цел да ги набљудуваат мечките, јави словенечката новинска агенција СТА. Најдобро време за набљудување на мечките е летото и почетокот на есента, кога деновите се долги, а мечките излегуваат да бараат храна, се додека не падне мрак, изјаи Миха Јернејчич од регионалниот парк Нотранска. Тој додаде дека набљудувањето на мечките е безопасно, ако...

На Мурињо веќе сега му предвидуваат отказ

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо е фаворит на обложувачниците за првиот отпуштен менаџер во англиската фудбалска Премиер-лига. Коефициентите за Португалецот опаднаа нагло по серијата интервјуа во кои тој отворено го критикуваше раководството на „црвените ѓаволи“ и недостатокот на каква и да е активност на трансфер-пазарот. Голем број светски букмејкерски куќи веќе примаат облози за разрешување на Мурињо при коефициент...

Светски познати ди-џеи за шпицот на сезоната во Охрид

И оваа година забавата во Охрид ќе мине во знакот на концертите и забавните содржини што ги нудат фестивалите „Охрид колинг“ и „Охридско лето“, како и настапите на познати музички ѕвезди од регионот и секако звучни имиња од домашната сцена. Како настан што се очекува да привлече најголем број гости од земјава и странство се концертите во рамки на „Охрид...

Четири милиони Индијци би можеле да останат без државјанство

Четири милиони луѓе во Индија, од североисточната држава Асам би можеле да останат без државјанство. Националниот регистар на граѓани во Индија објави попис на луѓе кои можат да докажат дека во Асам дошле пред 24 март 1971 година односно пред Бангладеш да прогласи независност. Индиските власти наведуваат дека целта им е да ги отстранат илегалните мигранти од Бангладеш, но бидејќи стравуваат...

Кичевка го оштетила ЈП „Македонски шуми“ за 233 илјади денари

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.П.(49) од Кичево поради „несовесно работење во службата“, со кое на ПСШ „Лопушник“ - Кичево при ЈП „Македонски шуми“ - Скопје, каде работела му причинила материјална штета од 233.288 денари. Како што информира денеска МВР, на 5 септември 2017 година во РЕ „Расадник Крушино“, вработени во ЈП „Македонски шуми“ -...

Ограбена црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче

Полицијата поднесе кривична пријава против 29-годишниот Б.П, од Скопје за извршена кражба во црквата „Св. Петар и Павле“ во село Горно Лисиче. Како што наведуваат од МВР, пријавениот кривичното дело во црквата го извршил завчера (28.07.) околу 00,30 часот при што со употреба на физичка сила, насилно го отворил задниот прозор, влегол внатре, и од сандачињата за доброволни прилози...

ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе докажува дека референдумското прашање е манипулативно

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не ставија потпис на иницијативата за распишување на референдумот за името, која е поднесена во Собранието и која ќе биде разгледана на седница закажана за попладнево. Пратениците од опозициската партија ќе присутвуваат на денешната седница и ќе ги изнесат своите аргументи и ставови зошто се против предложеното референдумско прашање.  Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на денешната...