Променливо облачно, попладне со локална нестабилност
Променливо облачно, попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, претежно во планинските региони. Ќе дува умерен северен ветер.
Дневните температури ќе се движат во интервал од 24 до 36 степени.
Во Скопје и околината слично време со температура до 33 степени.
УВ индексот ќе изнесува 8.
До петок ќе се задржи променливо облачно, на места, а особено на планините...
Утре без вода улица „Капиштец“ и француската резиденција
Поради реконструкција на водоводна мрежа ф-80 мм на ул. Капиштец - пред резиденцијата на Република Франција, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од истата улица во Општина Центар.
Како што соопшти РЦУК-Скопје по информација добиена од ЈП Водовод и канализација, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 се до завршувањето на работите.
Уловени помали ајкули во близина на брегот на Валона
Две помали ајкули уловиле албанските рибари во водите на Јонско Море, кај Валона. Станува збор за ајкули со помала големина кои се уловени во близина на местото Луков.
Рибарите предупредуваат дека е можно да има и други помали ајкули кои пливаат во близина на брегот.
Тие со совет до сите годишноодморци да бидат посебно внимателни и да го контролираат местото и околината...
Доналд Трамп подготвен без предуслови да разговара со иранските лидери
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал да се сретне со иранските лидери без предуслови, а со цел да разговараат за тоа како да ги подобрат односите откако тој ги повлече САД од иранскиот нуклеарен договор.
- Ако сакаат да се сретнеме, ќе се сретнеме", рече тој.
Прашан на прес-конференција во Белата куќа дали сака да се сретне со иранскиот...
Отворен Меѓународниот младински фудбалски куп „Пандев 2018“
Триесет и две младински екипи со фудбалери родени во 2002, 2003, 2004 и 2005 година од седум држави ќе учествуваат на Меѓународниот младински фудбалски куп „Пандев 2018“, кој почна денеска и ќе трае до 4 август.
Генерален покровител е нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев, а н атпреварите ќе се играат на терените на Фудбалската федерација на Македонија и во Ѓорче Петров во Скопје,...
Од 1 септември без мобилни телефони во француските училишта
Францускиот парламент денеска ја усвои одлуката за забрана на мобилни телефони во основните и некои средни училишта, а таа одлука влегува во сила од почетокот на новата школска година, на 1 септември.
Откако минатата недела Сенатот даде зелено светло за предлогот за забрана на мобилни телефони во француските училишта, Парламентот денеска усвои закон кој е резултат на компромис меѓу двата...
Пронајдена мртва жена во Тиквешко Езеро
Мртва жена била пронајдена во Тиквешко Езеро, информацијата ја потврди за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Според првичните информации, телото било пронајдено во месноста Голеш.
Додевски рече дека увидот на местото трае и најави повеќе детали утре.
Влада: Не е луксузирање набавката на возила, направени се заштеди
Владата соопшти дека постапката за набавка на нови 45 возила, преку оперативен лизинг или деловен закуп, се одвивала јавно и оти без ниту еден дополнителен трошок државата месечно ќе заштеди повеќе од 700 евра по возило, во споредба со цената на автомобилите набавени во 2015-та и во 2012-та година.
- Тендерот, на којшто имаа право да се пријават сите заинтересирани...
„Елено моме, Елено“ во изведба на „Da Capo“ во Музејот на град Скопје
Пред многубројна публика вечерва во Музејот на град Скопје, се одржа концертот на мандолинскиот квартет „Da Capo“ од Сплит, Хрватска.
Мандолинскиот квартет „Da Capo“ од Сплит го сочинуваат брачните партнери Ивана Кенк Калебиќ и Томислав Калебиќ, Стела Иванишевиќ која е ученичка на Ивана и Стипан Поповиќ, кој свири гитара.
За Нова Македонија пред самиот почеток на концертот ни изразија голема благодарност...
Италијанската полиција заплени половина тон марихуана од Албанија
Полицијата од италијанскиот град Лече заплени 502 килограма марихуана, пристигната од Албанија, која доколку стигнела на нарко-пазарот би достигнала вредност од половина милион евра.
Во акцијата уапсени се и четири лица, тројца италијански и еден албански државјанин.
Дрогата била натоварена на моторен чамец, кој бил влечен од возило марка „мицибиши“, придружуван од автомобил „фиат мултипла“ со кое управувал Албанецот Арсен Џафери(32),...








































