Членовите на ДИК дадоа свечени изјави
Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска дадоа свечени изјави пред претседателот на Собранието Талат Џафери.
Претседател на Комисијата е Оливер Дерковски, потпретседател Дитмире Шеху, а членови се Елизабета Постоловска, Борис Кондарко, Јанаке Витановски, Радица Ристеска и Енвер Салиу.
Претседателот на Комисијата Дерковски во изјавата за медиуми кажа дека како ДИК почитувајќи ги законите и Уставот на РМ...
Трамп купува време со трговските преговори со Европејците?
Европејците и натаму се сомневаат дека претседателот, познат по огромната наклонетост кон тарифите, искрено преговара. Дипломати, функционери и аналитичари во Европа се загрижени дека Трамп може лесно да се повлече назад кон непријателскиот став, кој го покажа кон европските лидери во текот на јунскиот самит во Канада и на неодамнешниот самит на НАТО во Брисел, оценува „Њујорк тајмс“
Американскиот претседател...
„Тесла“, „Убер“ и „Спотифај“ со намалени профити, дали се заканува нова економска криза?
Технолошките гиганти како „Тесла“, „Убер“ и „Спотифај“ моментно имаат сė помали профити, што предизвикува загриженост кај експертите дека таквата состојба би можела да има негативно влијание врз светската економија.
И покрај најавите за нови достигнувања, технолошките компании бележат сė поголеми загуби и заработуваат сė помалку.
Поради тоа дел од експертите прашуваат дали можеби не станува збор за уште еден нов балон,...
Љубовта на Кики станува опасна
Полицијата ширум светот ги предупредува луѓето да не го изведуваат „предизвикот на Кики“, откако повеќемина беа повредени при танцот инспириран од хитот на Дрејк „In My Feelings“, што стана популарен на Интернет.
Луѓето кои го изведуваат предизвикот излегуваат од автомобил во движење за да играат кога ќе ја слушнат популарната песна, додека возилото продолжува да се движи.
https://www.youtube.com/watch?v=y00UC2lftJs
На дел од видеата...
Исчезнувањето на летот МХ370 и натаму мистерија
Група независни експерти кои беа ангажирани да ја испитаат судбината на исчезнатиот лет на „Малезија Ерлајнс“ МХ370 од 2014 година од Куала Лумпур до Пекинг, соопштија дека не успеале да ја откријат причината за несреќата.
- Тимот не ја утврди вистинската причина за исчезнувањето на летот МХ370 - изјави првиот човек на групата Кок Су Чон.
Се потврдија првичните информации дека...
Гејмерите се сѐ попопуларни, но уште се далеку од олимписките игри
ИОК размислува да го вклучи и е-спортот на некои од следните летни олимписки игри, но не пред Лос Анџелес во 2028 година
Како најбрзорастечки спорт во светот, видеоигрите, електронскиот спорт или е-спортот, од година на година привлекува сѐ поголемо внимание. Деновиве во Лозана, во седиштето на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) се одржаа неколку состаноци меѓу челниците на ИОК, врвните играчи...
Полицијата ги потврди злоупотребите на злетовскиот банкар
Колкави се вистинскиот број оштетени штедачи и вкупната сума што неовластено им била симната од нивните заштеди, од поштенскиот службеник во Злетово, останува непознато, поради информативното „ембарго“ што владее за овој случај
По обелоденувањето на злоупотребите од поштенски службеник во поштата во Злетово, во скопската централа на „Македонска пошта“ пристигнале 15 пријави од граѓани, кои се жалат дека од нивните...
Како САД се подготвуваа за нуклеарна апокалипса
Властите во САД се подготвуваа за нуклеарна апокалипса уште од времето на претседателот Хари Труман (беше на функција од 1945 до 1953 година), планирајќи водечките институции да функционираат и во случај на нуклеарна војна. Плановите се класифицирани, но бункерите, тунелите и другите објекти, од кои дел пропаднаа, остануваат докази за подготовките кои траеја со години.
Македонија и Белорусија играа за пласман на ЕП 2020
Македонската машка јуниорска ракометна репрезентација обезбеди место во синоќешното финале на шампионатот на Европската ракометна федерација (ЕХФ), дивизија Б, со победата на пенали над Фарските Острови
По драматичната победа над селекцијата на Фарски Острови со 27-25 (13-12, 23-23), која се решаваше на пенали, македонската машка јуниорска ракометна репрезентација обезбеди место во синоќешното финале на шампионатот на Европската ракометна федерација (ЕХФ),...







































