Тевдовски: Исплатите од државната каса ќе станат транспарентни
До крајот на годината граѓаните ќе можат да ги видат исплатите од државната каса. Секој потрошен денар ќе биде објавен, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски.
Во тек е подготовка на платформа со која јавноста ќе има увид во сите трошења од Трезорот, информираа од Министерството за финансии и додаваат дека направиле консултации со граѓанските организации и претставници на...
Од октомври првите тужби поради болести предизвикани од НАТО бомбардирањето на Србија
Српскиот професор по право Срето Ного, кој е претседател на Здружението на граѓани „Осиромашен ураниум“, поттикнувач на иницијативата да се тужат земјите на НАТО и граѓаните да добијат отштета, изјави дека очекува во октомври да бидат напишани првите тужби.
- Нашите адвокати ќе им ги достават тужбите со докази на колегите адвокати во Германија, Италија, Франција, Велика Британија и САД....
Полицијата во акција за спречување на диви трки низ улиците на Скопје
При акциска контрола на МВР за откривање и санкционирање на возачи кои организираат и учествуваат во диви трки, вчера на подрачјето на СВР Скопје биле одземени девет сомнителни мотоцикли.
Како што соопшти МВР, акцијата се одвивала од 18 часот вчера, до еден часот утринава, а била спроведена од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје...
Ограбено казино во Скопје
Две непознати лица вчера извршиле разбојништво во казино на ул. „Вангел Дину“ во Скопје.
МВР информира дека сторителите со закана со пиштол од касата одзеле околу 50.000 денари, по што побегнале во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Погба не сака да говори за односите со Мурињо
Играчот од средниот ред Манчестер Јунајтед, Пол Погба истакна дека секој фудбалер треба да се чувствува удобно во тимот. Тој одби да коментира за ситуацијата на „Олд Трафорд“ и за евентуално постоење конфликт со тренерот Жозе Мурињо.
- Да, сега сум светски шампион, но јас сум сè уште истиот Погба. Давам сè од себе за доброто на Манчестер Јунајтед. Кога...
Автобус удри во дете на велосипед
Единаесетгодишно дете е потешко повредено кога синоќа било удрено од автобус, соопшти полицијата.
Според истиот извор, синоќа во 19:40 часот на улицата „Едвард Кардељ“ во Струга автобус „Ивеко“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Г.П. (57) од село Мислешево, струшко, удрил во велосипед управуван од 11-годишно момче од Струга.
Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди и со...
Почина скопјанецот што бил нападнат на Кеј
Шеесет и шестгодишен скопјанец, што на 3 август бил нападнат на улицата „Кеј 13-ти Ноември“, вчера починал на Невро-хирургија при комплексот клиники „Мајка Тереза“.
На 3 август во 3 часот С.М. пријавил дека истиот ден околу 2 часот на ул. „Кеј 13-ти Ноември“ физички бил нападнат од непознато лице при што му биле нанесени телесни повреди (модринка на левото око...
НАСА лансираше сонда кон Сонцето
Откако спушти робот на Марс и испрати сонди во прелети покрај други планети, НАСА лансираше вселенско летало до Сонцето.
Соларната сонда „Паркер“ требаше да биде лансирана во сабота од космодромот Кејп Канаверал, но по еднодневно одложување, беше лансирана денеска.
Со тоа започна мисијата со цел решавање на загатките кои ги збунуваат астрофизичарите цели 60 години.
Паркер ќе биде прво летало што...
Кустурица му посвети песна на рускиот министер за одбрана
Српскиот режисер и музичар Емир Кустурица му посвети песна на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, како главен идеен организатор на Ерменските меѓународни игри во близина на Москва, а ја отпеа на завршната церемонија на спортскиот настан.
- Многу пати во животот сум видел како луѓето стрелаат и убиваат луѓе. Благодарение на мојот пријател Сергеј Кужугетович Шојгу беше организирана олимпијада,...
Надал избори финале со Циципас на Мастерсот во Торонто
Најдобриот светски тенисер Рафаел Надал ќе игра во финалето на турнирот од Серијата 1000 во Торонто, Канада. Шпанецот рано утрово го совлада рускиот тенисер Карен Хачанов со 2-0, по сетови 7:6 и 6:4.
Мечот доцнеше со својот почеток неколку часа, а причина за тоа беше силниот дожд. Поради тоа, противникот на Надал во завршницата на турнирот, Гркот Стефанос Циципас, поодморен...







































