Реал Мадрид е подготвен да плати 224 милиони евра за Азар
Раководството на европскиот шампион Реал Мадрид е подготвено да плати 224 милиони евра за Еден Азар, објавија англиските медиуми.
Доколку се случи овој трансфер, тогаш 27-годишниот Белгиец ќе стане најскапиот фудбалер на светот.
Во моментот оваа титула му припаѓа на Нејмар, кој летото 2017 година се пресели од Басрелона во ПСЖ за 222 милиони евра.
Реал во Азар го гледа наследникот...
Потпишан договор за правниот статус на Касписко Море
Касписките земји потпишаа денеска конвенција за правниот статус на Каспиското Море, за што меѓу тие држави се разговарало повеќе од две децении.
Лидерите на Русија, Азербејџан, Казахстан и Туркменистан го потпишаа документот во казахстанскиот град Актау, каде започна петтиот Касписки самит.
Рускиот претседател Владимир Путин порача пред потпишувањето дека решавањето на правниот статус на Каспиското Море ќе создаде услови за блиска...
Ердоган: Падот на турската лира е заговор против Турција
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го оцени намалувањето на вредноста на турската национална валута како „заговор“ против Турција, нагласувајќи дека турскиот народ нема да се предаде.
Третпат по ред лидерот на Турција денеска во својот говор во Трабзон ги повика своите сонародници да ги разменат доларите и еврата кои ги имаат, со цел да ја поддржат турската лира.
Тој истакна дека...
Поранешна советничка: Трамп изеде доверлив документ по средба со Мајкл Коен
Поранешната советничка на американскиот претседател Доналд Трамп, Омароса Маниго Њумен тврди дека го видела шефот на државата како јаде хартија по состанок со адвокатот Мајкл Коен.
Таа во својата нова книга тврди дека Трамп изел еден од доверливите документи.
- Го видов дека стави хартија в уста. Имајќи предвид дека Трамп е бактериофоб, бев шокирана кога го видов како џвака и...
Русија се откажува од американскиот долар
Москва ќе го намали бројот на американските хартии од вредност кои ги поседува, како одговор на новите санкции воведени од САД, изјави рускиот министер за финансии, Антон Силуанов.
- Русија сè повеќе ќе ја користи рубљата и други валути, вклучувајќи го и еврото, наместо американските долари во своите тргувања - истакна Силуанов.
САД воведоа нови санкции против Русија поради нејзината наводна...
Канцеларија за дијаспора отворена во Македонска Каменица
Македонија ја доби втората канцеларија за дијаспора. После Штип, денес и Македонска Каменица доби простор кој ќе им стои на располагање на сите иселеници од овој крај кои ќе сакаат да ги пренесат сите идеи и да се информираат за поволностите кои им ги нуди општината за инвестирање или некоја друга соработка.
Оваа канцеларија е сместена во оштинската зграда и...
Адеми ја повика дијаспората масовно да гласа на референдумот
Своето право на глас на претстојниот референдумз закажан за 30-ти септември, македонските иселеници во дијаспората ќе можат да го остварат во дипломатските конзуларни претставништва.
Рокот за пријавување по електронски пат е од 9-ти до 23 –ти август. Министерот Едмонд Адеми, денеска од Македонска Каменица ги повика иселениците масовно да излезат на гласање.
- Како што знаете Државната...
Бразилецот Роналдо хоспитализиран на Ибица
Легендарниот бразилски фудбалер, Луис Назарио да Лима Роналдо, беше примен во болницата во Ибица поради воспаление на белите дробови, објавија светските медиуми.
Поранешниот голгетер на Барселона, Интер, Реал и Милан се наоѓа на интензивна нега, но не е во животна опасност.
Од болницата на Ибица е соопштено дека Роналдо добро закрепнува.
Почина нобеловецот В.С. Нејпол
Британскиот писател и добитник на Нобеловата награда за книжевност, В.С. Нејпол почина на 85-годишна возраст во својот дом во Лондон, соопшти неговото семејство.
Неговата сопруга Надира Нејпол истакна во соопштението дека тој беше „голем во сè што постигна и оти почина опкружен со луѓето кои ги сакал во текот на животот, исполнет со величенствена креативност и достигнувања“.
Роден е во индиско...
Заев: Младите да не дозволат одлуките за нивната иднина да ги носат само возрасните
Премиерот Зоран Заев по повод Меѓународен ден на младите - 12 август, упати честитка во која на младите им порачува да бидат гласни критичари, будна авангарда и први предводници на убавата македонска иднина, бидејќи гласот на младите е гласот на иднината.
- Меѓународниот ден на младите најдобро се одбележува преку постојан ангажман и посветеност на младинските прашања во текот...







































