Опозицијата во Абанија смета дека масакрот во Ресул е потврда за загрижувачката небезбедност во земјата
По завчерашното осумкратно убиство, што се случи во селото Ресул кај Валона, кога маж уби осум а повреди шест негови роднини, албанската опозициска Демократска партија го обвини премиерот Еди Рама за отсуството на било каква реакција од негова страна, „продолжувајќи го мирно одморот со семејството“.
Прво реагираше лидерот на партијата Љуљзим Баша, кој изрази длабоко сочуство до блиските на убиените...
Реал го освои купот Бернабеу
Во натпреварот за трофејот „Сантијаго Бернабеу“ екипата на Реал синоќа го совлада Милан со 3:1.
На средбата во Мадрид головите за домашната екипа ги постигнаа Карим Бензема, Герет Бејл и Борха Мајорал.
За Милан дебитантски гол постигна Гонзало Игуаин во неговиот прв настап за росонерите.
Двата тима идната недела ги почнуваат настапите во домашните шампионати. Реал го пречекува Хетафе, а Милан е...
Оружен напад во Манчестер, најмалку 10 повредени
Најмалку десет лица се повредени синоќа при оружен напад во англискиот град Манчестер, јави ДПА.
Полицијата пристигнала на местото на инцидентот во квартот Мос Сајд во 02:30 часот по полноќ, по добиена информација за пукотници.
Настраданите, кои биле веднаш хоспитализирани, имаат различен степен на повреди.
Инцидентот се случил неколку часа по завршувањето на Карипскиот карневал, кој се одржувал во квартот.
Други детали...
Паркот „Јосемити“ од вторник повторно отворен за туристите
Националниот парк „Јосемити“ во американската сојузна држава Калифорнија, кој пред две недели беше затворен поради опасноста од пожари, од вторник повторно ќе биде отворен за посетители.
Живописната долина Јосемити не беше зафатена од огнена стихија, но паркот и стотината хотели, одморалишта и кампови во неговата околина на 25 јули сепак беа затворени, бидејќи реонот беше прекриен со чад од околните...
Метеорскиот дожд Персеиди го достигнува својот максимум
Во текот на август секоја на небото е видлив метеорскиот дожд Персеиди, како резултат на разминувањето на Земјата и кометата Свифт Татл.
Оваа година метеорскиот спектакл започна на 14 јули и ќе трае до 24 август, но неговиот максимум, кога и ќе биде најдобро видлив од Земјата, ќе се случи во ноќта меѓу 12 и 13 август, односно денеска и...
Сушата предизика штети од над милијарда евра во германското земјоделство
Сушата што од пред неколку недели зафати неколку реони на Германија му нанесе штети на германското земјоделство од на една милијарда евра, јави ДПА.
Во материјалите подготвени за средбата закажана за в понеделник на претставници на федералната и покраинските власти посветена на проблемите во земјоделскиот сектор, се посочува дека според сегашните проценки штетите од сушата достигнале 1,1 милијарди евра.
Според овие...
Марија Кири на чело на листата „Сто жени што го променија светот“
Француската научничка со полско потекло Марија Кири се најде на правото место на листата на „Сто жени што го променија светот“, што ја изготви британскиот магазин „Хистори“ врз основа на гласовите на неговите читатели.
Марија Кири родена Склодовска е прва во светот која доби две Нобелови награди - за физика во 1903 и за хемија во 1911 година.
На второто место...
Спречен обид за напад врз коптска црква во Египет
Припадници на египетските безбедносни сили ликвидираа осомничен исламист, кој се подготвувал да изврши самоубиствен бомбашки напад во копстка црква северно од Каиро.
Како што соопштија египетски безбедносни извори, полицајците го ликвидирале напаѓачот кога се приближувал кон Богородичната црква во северното каирско предградие Шубра ал-Хелма.
По убиството на напаѓачот, експлодирал елекот со експлозивната направа што тој го носел на себе, без да...
Роналдо: Во Јувентус владее вистинска семејна атмосфера
Најголемото засилување на Јувентус во летниот преоден рок, португалскиот фудбалски репрезентативец Кристијано Роналдо е импресиониран од атмосферата која владее во клубот.
- Овде постои една семејна атмосфера. Луѓето се многу љубезни и пријатни. Никогаш нема да го заборавам четвртфиналето кога гостував со Реал и постигнав гол по кој ми аплаудираше целиот стадион. Тоа беше неверојатно чувство. Сега и јас сум...
НАСА го одложи лансирањето на соларната сонда „Паркер“
Американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА) во последен момент го откажа за денеска планираното лансирање на соларната сонда „Паркер“ од центарот Кејп Канаверал.
Лансирањето на сондата беше откажано на 55 секунди пред планираното полетување, поради технички проблеми.
„Паркер“ требаше да биде сонда што ќе се доближи на најмало растојание до Сонцето досега.
Мисијата на сондата „Паркер“, која чини 1,5 милиони долари,...







































