Ердоган: Турција би можела да почне да бара нови сојузници
Односите меѓу Турција и САД не може да бидат „асиметрични“ и ако Вашингтон не ја промени својата политика, Анкара би можела да почне да бара нови сојузници, порача турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Во авторски текст во „Њујорк Тајмс“ под наслов „Како Турција гледа на кризата со САД“, Ердоган предупредува дека „едностраните мерки против Турција од страна на САД, кои...
Локална кампања за еднакви права на Ромите во Кичево
Во рамките на проектот „Од акција до еднакви права на Ромите“ имплементиран од страна на Асоцијацијата за демократски развој на Ромите-Тетово, во партнерство со групата за малцински права од Лондон, Здружението за развој и интеграција на млади Роми и Ромки „Преродба“ од Кичево, денес пред платото на хотел „Арабела“ организира локална кампања.
- На денешната кампања беше промовирана ромската култура...
Продолжува борбата со големиот пожар во јужна Калифорнија
Стотици пожарникари и натаму се борат со големиот шумски пожар што беснее во јужниот дел на американската сојузна држава Калифорнија.
Противпожарната служба соопшти дека пожарникарите се обидуваат да го спречат ширењето на огнот кон блиските куќи.
Пожарот што беснее на ридовите над езерото Елсинор, јужно од Лос Анџелес, досега уништи површина од речиси 77 километри квадратни, вклучувајќи и 13 куќи.
Пожарникарите досега...
Протести на Окинава поради преместувањето на американската база
Околу 70.000 лица се собраа денеска на протести на Окинава поради плановите на Владата во Токио за преместување на американската воена база на јужниот, послабо населен дел, на овој јапонски остров.
Жителите на Окинава не се согласуваат со идејата за преселување на базата „Футема“, обвинувајќи ги централните јапонски власти дека не ги почитуваат желбите на жителите на островот.
Во базата на...
„Врбјанска чука“ ќе биде претставена на меѓународни конференции
Археолозите денеска ги завршија годинашниве истражувања на неолитскиот локалитет „Врбјанска чука“ во Кривогаштанско, неспорно потврдувајќи дека датира од пред 8000 години, а бројните наоди го вбројуваат во уникатните не само во Македонија, туку на Балканот и во Европа.
Локалитетот ќе биде претставен на конференции во Шпанија, Швајцарија и во декември во Македонија.
Според Гоце Наумов од Центарот за предисториски истражувања на...
Албанци главни снајперисти во Ал Нусра
Снајперисти Албанци се борат на страната на Фронтот Ал Нусра во Сирија и како што самите изјавуваат на фронт заминуваат „според потребата на нивните браќа“.
Како што јави дописникот на МИА, ова се наведува во репортажата насловена „Албански снајперисти во земјата Шамит“, како што џихадистите ја нарекуваат Сирија, објавена на неколку џихадистички интернет медиуми и на социјалната мрежа Телеграм.
Во репоретажата...
Во Македонија не се регистрирани заболени од западнонилска треска
Нема регистриран случај на западнонилска треска во Македонија. Институтот за јавно здравје на Република Македонија располага со сите потребни дијагностички процедури, експертиза, реагенси и се што е потребно за дијагностика и конфирмација на ова заболување.
Ова денеска го изјавија д-р Илир Демири, член на Комисијата за заразни болести и д-р Гордана Кузмановска, епидемиолог од Институтот за јавно здравје.
- На Клиниката...
УЈП ќе добива податоци од банките за граѓаните за пополнување на годишната даночна пријава
Управата за јавни приходи електронски ќе ги добива од банките податоците за граѓаните неопходни за пополнување на Годишната даночна пријава, која од јануари следната година, наместо граѓанинот да ја пополнува, тоа ќе го прави Управата и ќе му ја доставува на граѓанинот на потврда. Податоците што ќе ги доставуваат банките и кои ќе ги користи УЈП, како и динамиката...
„Вудсток“: Три дена мир, љубов и музика
Бренд-концепти: Музички икони (26)
Тешко е да се врати времето на „Изи рајдер“ (Голи во седло) затоа што историјата најверојатно се повторува само како фарса. Рокенролот е најголемото движење од 20 век во кој сѐ и сешто се случи. Ние повозрасните знаеме дека во несвест најдобро се паѓа со помош на „Ролинг стоунс“, Џими Хендрикс, Џенис Џоплин и „Дорс“. Паѓањето...
„Десонанз“ дел од маратонска берлинска журка
Македонскиот електронски фестивал „Десонанз“, кој годинава обележува 10 години од основањето, на 15 август ќе биде дел од маратонска берлинска журка, која се одржува во вториот најголем клуб во Берлин, „Грисмуле“.
Претставниците од „Десонанз“, Андреј Анчевски, Мартин Чанаќевиќ и Димитар Николов, освен што ќе настапат на маратонската журка, истовремено ќе го промовираат концептот на македонскиот фестивал. Тие ќе бидат и...







































