„Глоуб“ повика на осуда на нападите на Трамп врз медиумите
Бостонскиот весник „Глоуб“ го повика печатот ширум САД да објави уреднички коментари во кои ќе ги осуди „честите напади“ на американскиот претседател Доналд Трамп врз медимиуте.
„Глоуб“ апелираше до уредниците на американските весници на 16 август да објават уреднички коментари со кои ќе „пружат координиран одговор на валканата војна против слободата на медиумите“ што ја води Трамп.
Уредничките колегиуми треба да...
Без пченица ќе бидеме гладни
Лесно може да дојде до недостиг од пченица, особено поради проблематичните временски услови годинава, кои го намалија родот низ целиот свет, во САД, Австралија и во Европа
Се намалуваат површините врз кои се одгледува пченица, а и оние што се посадени со оваа житна култура даваат слаби приноси, пониски од европскиот просек, но и слаб квалитет. Деновиве во јавноста зачестија...
Деветмина загинати при пад на хеликоптер во Јапонија
Девет лица загинаа при уривање на спасувачки хеликоптер во планински реон во префектурата Гунма во централниот дел на Јапонија.
Меѓу загинатите се двајцата пилоти на хеликоптерот и седуммина припадници на спасувачки тим.
Хеликоптерот од типот „Бел 412 ЕП“ се урнал еден час по полетувањето во услови на магла. Тој бил стар 20 години, но во јуни бил завршен ремонтот на неговиот...
КУД „Рацин“ Кичево на Меѓународен фолклорен фестивал во Цетиње
Како единствен претставник од Македонија, КУД „Рацин“ Кичево, учествуваше на дванаесеттиот Меѓународен фолклорен фестивал во Цетиње, Црна Гора, каде зедоа учество фолклорни друштва од 8 европски земји, и каде покрај фолклорните вредности на земјите, беше промовирана и презентирана храна од самите учесници на фестивалот.
- За прв пат КУД „Рацин“ Кичево, како единствен претставник од Македонија, учествуваше на дванаесетиот Меѓународен...
ШК Алкалоид се подготвува за Европскиот клупски куп 2018-та
Шаховскиот клуб (ШК) Алкалоид, повторно ќе се бори за европски медал. Алкалоид како европски клупски шампион во шах за 2016 година и вицешампион за 2017 година и годинава амбициозно се подготвува за најсилното клупско шаховско натпреварување. Европскиот клупски куп ќе се одржи во октомври во Порто Карас, Грција.
Минатата година успехот беше дополнет со пет медали за индивидуални резултати по...
Запален автомобил во Шишево
Непознати сторители утрово во село Шишево потпалиле автомобил марка „БМВ“ во сопственост на С.Т. од Шишево.
Минситерството за внатрешни работи соопшти дека утрово околу 4.30 часот во центарот на село Шишево, Скопско, било опожарено патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Т. од село Шишево.
Според пријавата, непознати лица најверојатно го полиле со запаллива течности и го опожариле во...
За пасош се чека повеќе од предвиденото
Во летниот период секогаш се соочуваме со голем метеж затоа што повеќето од граѓаните тогаш аплицираат за патни исправи. Знаеме дека се доцни и се надминува дури и законски предвидениот рок, но навистина даваме максимум за да постигнеме да ги издадеме пасошите, информираат од Министерството за внатрешни работи
Доцни издавањето патни исправи. Граѓаните се жалат дека се надминува дури и...
Ризикот од западнонилска треска е голем, мора да се внимава
ВО МАКЕДОНИЈА ЗАСЕГА НЕМА РЕГИСТРИРАНО СОМНИТЕЛНИ СЛУЧАИ
Луѓето треба да се заштитат од комарци, да ги мачкаат кожата и облеката со средства против комарци постојано, да се облекуваат соодветно, да не се разголени особено во самрак и во зори кога излегува комарецот и шета
Резултатите од двата сомнителни случаја се негативни, но сепак ризикот од појава на западнонилска треска постои. Ова...
Не дал да се омажи сестрата, па му се заканиле дека ќе го убијат
Закана со пиштол добил А.М. од Здуње бидејќи не ја дал сестрата да се омажи за Н.Е. од Врапчиште, Тетовско.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа во 21.00 часот во Полициската станица Гостивар, А.М. (28) од село Здуње, Гостиварско, пријавил дека околу 19.30 часот пред неговата куќа дошол Н.Е. од село Врапчиште, Тетовско, кој ја побарал за сопруга неговата...
Уапсен мажот кој уби осум и рани шестмина свои роднини во Албанија
Албанската полиција по 12-часовна потрага утрово го уапси мажот, кој синоќа во селото Ресулај кај Валона, уби осум и рани шест негови роднини.
Како што јави дописникот на МИА, убиецот бил пронајден сокриен во шумскиот предел на излезот од селото. На местото е пронајдена и автоматската пушка „калашњиков“, со која тој ги изврши убиствата.
Повеќекратниот убиец, 24-годишниот Ридван Зикај синоќа околу...







































