Себастијан Фетел ја освои Големата награда на Белгија
Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, победи на трка за Големата награда на Белгија.
За Фетел ова е петта победа сезонава и ја прекина серијата победи на возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, кој на патеката „Спа“ заврши на втората позиција.
Иако Хамилтон стартуваше од пол-позицијата, возачот на Ферари на стратот од трката успеа да добие предност, што на крајот се покажа како...
Трамп нема да присуствува на погребот на Мекејн
Американскиот претседател Доналд Трамп не планира да присуствува на погребот на републиканскиот сенатор Џон Мекејн, кој почина вчера, пишува весникот „Њујорк тајмс".
Според весникот, кое цитира запознаени извори од Републиканската партија, поранешните претседатели Џорџ Буш помладиот и Барак Обама изразиle желба да присуствуваат на погребот на Мекејн.
Според прелиминарниот план, администрацијата на Трамп се очекува да биде претставена на погребната церемонија...
Турскиот суд ја укина забраната за патување на германската новинарката Толу
Германската новинарка од турско потекло Мешале Толу (33) денеска се врати во Германија од Турција, откако оваа недела турскиот суд и ја укина забраната за патување.
Толу слета на аеродромот во Штутгарт.
Турскиот суд во понеделникот ја укина забраната за патување на Толу - осум месеци откако таа беше ослободена од затвор, но процесот против неа по обвиненијата поврзани со тероризам,...
Осум загинати во пожар во Чикаго, меѓу нив шест деца
Осум лица, од кои шест деца, загинаа во пожар во Чикаго, соопштија денеска од пожарната служба.
Меѓу загинатите во пожарот, кој избувна изутринава, има и едно бебе.
Причината за пожарот засега не е утврдена.
A fire tore through a Chicago home overnight, killing 6 children and two adults, the city's fire commissioner said https://t.co/qO5tiD8bOX pic.twitter.com/9IUo4GFc0e
— CNN Breaking News (@cnnbrk) 26 August 2018
Пожарникарите...
Пратеник на владејачката „Нисма“: Тачи и Вучиќ ќе го претворат Косово и регионот во касапница
Идејата на косовскиот претседател Хашим Тачи за „корекција“ на границата со Србија и неговите преговори со српскиот колега Александар Вучиќ за размена на територии значат поништување на независноста на Косово и водат кон крвава војна во регионот, смета пратеникот на владејачката Инцијатива за Косово (Нисма) Биљал Шерифи.
Според Шерифи, како што јави дописникот на МИА од Приштина, последните ставови кои...
Алијансата за Албанците ќе го поддржи референдумот
Алијансата за Албанците ќе го поддржи претстојниот референдум закажан за 30 септември, одлучи денеска Централното собрание на партијата.
Според лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, партијата ќе се вклучи во кампањата за поддршка на референдумот, но има зебелешки кои не биле земени предвид бидејќи биле исклучени од одлучувањето.
- Алијансата за Албанците ќе го повика членството да го поддржи референдумот...
Атанасов заменик-министер за образование, Калеска Ванчева нов пратеник во редовите на СДСМ
Пратеникот Петар Атанасов од СДСМ на 23 овој месец поднел оставка на функцијата, која треба да биде констатирана на седницата закажана за 29 август.
На истата седница, како што информираат од Собранието, се очекува Атанасов да биде избран за заменик-министер за образование и наука.
На местото на Атанасов, како што јавува МИА, во собраниските клупи треба да седне Снежана Калеска Ванчева...
Вучиќ: Тешко до договор за Косово, постојат големи разлики со Тачи
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска потврди дека во петокот во Виена имал состанок со косовскиот претседател Хашим Тачи, со посредство на австрискиот канцелар Себастијан Курц и еврокомесарот Јоханес Хан.
- Се надевам дека ќе бидеме во можност да продолжиме со тие разговори. Не можам да изнесам детали, бидејќи ништо не е договорено, додека се не биде договорено, како што е...
По седум години лекарски уверенија и во кичевската болница
По седум години пауза, конечно и во кичевската болница ќе можат да се добијат лекарски уверенија, за кои во изминатиов период жителите од оваа општина мораа да патуваат во Охрид, Струга или Гостивар, да се изложуваат на дополнителни трошоци и денгуба.
Причина за неможноста во својот град да се добие лекарско уверение, беше одлуката на Републичкиот санитарен инспекторат, кој поради...
Убиен лидер на Исламската држава Абу Сад Ерхаби
Лидерот на Исламската држава во Авганистан, Абу Сад Ерхаби е убиен при напад врз џихадистичкото засолниште во провинцијата Нангархар, соопштија денеска авганистанските власти.
Во соопштението се наведува дека уште десет други џихадисти биле убиени во пешадиските и воздушните напади на авганистанските и странските сили.
Големи количества тешко и лесно оружје и муниција биле уништени за време на рацијата во две засолништа...




































