Полскиот поет Адам Загајевски прогласен за почесен член на ДПМ
Добитникот на „Златниот венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ за 2018 година, полскиот поет Адам Загајевски, денеска беше прогласен за почесен член на Друштвото на писателите на Македонија.
Пригодната свеченост во присуство на поетот се одржа во просториите на Друштвото на писателите на Македонија.
Се намалува старосната граница за пензионирање на рударите
Намалување на старосната граница за пензионирање на рударите, денеска најави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
Таа од Македонска Каменица соопшти дека од 2019 година измените за рударите предвидуваат жените да се пензионираат со 35 години работен стаж, додека мажите со 40 години работа.
- Навистина ни е драго што сме тука да ја споделам радоста заедно со...
Нејмар: Ќе биде многу тешко да се игра против Барселона
Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Нејмар призна дека нема да биде лесно да игра во Лигата на шампионите против Барселона во случај жрепката да ги спои двата клуба.
Бразилецот кажа дека редовно комуницира со дел од играчите на каталонскиот тим.
- Ќе биде многу тешко да се игра против Барселона во Лигата на шампионите. Јас одржувам контакти скоро со сите играчи...
Прилепчанец ограбен во Струга
Дваесет и шестгодишен прилепчанец бил испрскан со спреј, а потоа ограбен на улица во Струга.
Според полицијата, вчера во Струга во 14,20 часот Д.З.(26) од Прилеп пријавил дека на улицата „Битолски конгрес“ физички бил нападнат од страна на три непознати лица кои потоа го испрскале со спреј (солзавец) и му го земале ранецот во кој имало 8.800.000 денари.
Се преземаат...
Шекеринска: Македонија се гордее со стратешкото партнерство со САД
Македонија се гордее со стратешкото партнерство со САД и ја цени поддршката за интеграцијата во ЕУ и НАТО, а посетата на конгресмените од САД е уште еден доказ за оваа поддршка, порача министерката за одбрана Радмила Шекеринска на средбата во МО со група американски конгресмени предводени од конгресменот од Тексас, Бил Флорис.
Како што информираа од Министерството за одбрана, на...
Иселените Срби од Ѓаковица се откажаа од посетата на манастирот на Косово
Иселените Срби од Ѓаковица кои денеска најавија дека ќе го чествуваат празникот Успение на Пресвета Богородица во тамошниот манастир, се откажаа од намерата по големиот протест на локалните Албанци.
Веста за Косовска телевизија (КТВ) ја потврди портпаролот на полицијата во Ѓаковица, Крист Ѓокај, но и претставници на иселените Срби во изјави за српските медиуми.
Претседателот на Здружението на иселени Срби од...
Меј: Не е крај на светот ако не се договориме со ЕУ околу Брегзит
Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека „нема да биде крај на светот“ доколку Велика Британија не постигне договор со Европска унија за Брегзит.
Британскиот министер за финансии, Филип Хамонд истакна дека Меј всушност ја повтори изјавата на директорот на Светската трговска организација за излезот на Велика Британија од ЕУ без договор, кој наведе дека тоа „нема да биде лесна...
Се урна грчки воен авион, загина пилотот
Пилотот го загуби животот, додека пак копилотот успеа да го преживее падот на авионот за обука на грчкото воено воздухопловство за време на специјална вежба помеѓу грчките градови Триполи и Спарта на полуостровот Пелопонез, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопшти военото воздухопловство на Грција, во 8 часот и 50 минути утрово, пилотот и копилотот го напуштиле авионот....
Дачиќ: Србија има историска шанса да добие нешто за Србите на Косово
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека на Србија и се дава историска можност да добие нешто за своите луѓе и граѓани во Косово.
- Станува збор за тоа дали ќе добиеме нешто или сè ќе изгубиме - истакна Дачиќ за Радио телевизија Србија (РТС), додавајќи дека оваа можност може и да се одбие, но и...
Роботите-убијци стануваат закана за светскиот мир
Голем број експерти денеска во Женева ќе разговараат за таканаречените роботи убијци, односно автономните футуристички оружени системи кои би можеле да завојуваат без интервенција од човекот.
За време на седумдневниот собир, втор од таков вид, во седиштето на Обединети нации во Женева ќе разговараат за можните начини за регулација на оружените системи.
Засега, целосно автономни и компјутерски контролирани оружени системи...







































