„Статуафест“ на 14 и 15 септември во Скопје

Интернационалниот уличен уметнички фестивал „Статуафест“ ќе се одржува на 14-ти и 15-ти септември на улицата „Македонија“ од 18 часот до полноќ. Живи статуи ќе пристигнат од Шпанија, Бугарија, Србија, Украина за да го овозможат разубавувањето на Скопје, но и да се покаже специфичноста на оваа професија пред македонската публика. Освен живите статуи ќе има диџеј сетови и музички бендови. Годинава на фестивалот ќе учествуваат...

Отстранет четириметарскиот златен споменик на Ердоган во Визбаден

Четириметарскиот златен споменик на турскиот претседател Реџеп тајип Ердоган, кој минатата недела беше поставен во германскиот град Визбаден, ноќеска е отстранет, јави ДПА. Голем дел од локалните жители се разгневија поради споменикот, кој беше поставен во рамки на Берлинското биенале за современи уметности. Градските власти синоќа преку Твитер соопштија дека ќе ја отстранат арт инсталацијата бидејќи не може повеќе да биде...

Филмот „Првиот човек“ го отвора 75. Меѓународен филмски фестивал во Венеција

Во Венеција денеска се отвора 75-то издание на наjстариoт кино фестивал во светот, што ќе трае до 8 септември. Претседател на жирито годинава ќе биде мексиканскиот режисер Гиљермо дел Торо. Фестивалот ќе биде отворен со проекција на филмот „First Man" на американскиот режисер Демијен Шазел. Главната улога во биографската сага за Нил Армстронг - првиот човек што стапна на Месечината,...

Почна судењето на Јанкулоска во случајот „Тенк“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска од почеток стартува судењето на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која е една од обвинетите во предметот „Тенк“. Во судницата присутна е обвинетата Јанкулоска, а претседателка на Судечкиот совет е судиката Добрила Кацарска. На Јанкулоска и се суди во раздвоена постапка бидејќи имаше ризична бременост и беше на породилно боледување. Случајот „Тенк“ на Специјалното...

Се зголемува политичкиот блок што е против корекција на границите на Косово

Два политички субјекти од владејачката коалиција ќе ја помогнат опозицијата за да обезбеди кворум за вонредната седница на косовското Собрание, на која се настојува да се изгласа резолуција, со која ќе му се забрани на претседателот на државата Хашим Тачи да преговара со Србија за територијалната целовистост на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Учеството на седницата свикана за...

Пожар во Вевчани, опожарени 7.500 лозници

Во пожар кој избувна вчера во атарот на селото Вевчани опожарени се три парцели со лозов насад и парцела покрај регионалниот пат Струга-Лабуништа, при што биле опожарени вкупно 7.500 лозници. Како што соопшти денеска МВР, пожарот избувнал од 12 до 12.45 часот, а бил локализиран во 16:30 часот од екипа на Противпожарната единица Струга. Полицијата извршила увид на местото на настанот.

Самоубиствен напад во Ирак, најмалку осум загинати

Најмалку осум лица загинаа, а 12 се повредени во напад со автомобил-бомба врз контролен пункт во ирачкиот град Ал Каим, соопшти локален фунционер. Генерал-мајор Касем ал-Дулами соопшти дека напаѓачот удрил со автомил-болма во контролниот пункт на кој заедно работат ирачката армија и милициски сили кои ги поддржува Владата. Ирачките медиуми претходно јавија дека во нападот загинале најмалјку 21 човек. Засега никој не...

Тракторист тешко повреден откако изгубил контрола над тракторот

Тракторист од село Крушопек е повреден откако изгубил контрола над тракторот и се превртел. Педесет и едногодишниот Ф.М. со тешки телесни повреди е пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ каде му е укажана лекарска помош. Несреќата се случила вчера во 11.40 часот на локалниот пат село Нерези - село Крушопек.

Успешно евакуирани сите патници од бродот што се запали пловејќи кон Крит

Процесот на напуштање на бродот „Елефтериос Венизелос“, успешно заврши за патниците, без проблеми и повреди, по координираната акција на крајбрежната служба, противпожарната служба и брзата помош, изјави заменик-министерот за поморство Нектариос Санторињос за грчката новинска агенција АНА-МПА. Како што јави дописничката на МИА од Атина, и од бродската компанија „АНЕК“ соопштија дека сите патници безбедно го напуштиле бродот,...

Хан: Пристапните преговори ќе траат подолго од претходно

Европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан во интервју за австрискиот дневен весник „Тиролер тагесцајтунг“ изјави дека пристапните преговори во иднина ќе траат подолго од претходно. - Квалитетот пред брзината, посочи Хан, додавајќи оти членството на Унгарија и на Романија „многу нешта покажале“. Тој посочи дека ЕУ извлече поука од досегашните пристапни процеси. - Процесите кои ги поттикнуваме на Западен...