Јанева: Со „Тврдина-Таргет“ ќе докажеме дека 20.000 граѓани биле прислушувани

Специјалното јавно обвинителство има многу докази дека лицата кои се обвинети во случајот „Тврдина-Таргет“ прислушувале и тоа ќе го докажеме пред суд, изјави денеска специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која се надева дека конечно во петок ќе почне судскиот процес за овој предмет.  - Тврдина - Таргет“ е предмет за тоа дека службени лица од УБК ја уништиле опремата за да...

Ангеловски: Не бегаме од фаворитската улога

Селекторот на македонската фудбалска федерација Игор Ангеловски ги искажа своите очекувања за претстојните натпревари со Гибралтар и со Ерменија во Лига на Нации. - Не бегаме од фаворитската улога, но го имаме задолжителниот респект за Гибралтар. Не е лесно да се победува, очекувам максимално издание на моите фудбалери и заедно да ја почнеме Лигата на Нации со три бода. Сите...

Потпишан договор за формирање на новата словенечка влада

Пет партии потпишаа денеска договор за формирање влада на левиот центар во Словенија, предводена од мандатарот Маријан Шарец. - Верувам дека сите го добивме она што го сакавме и дека владата ќе биде целосно оперативна за две недели - изјави Шарец. Тие партии имаат поддршка заедно од 43 пратеници во Парламентот во кој...

Марко Пејчиноски, малиот херој на маратонското пливање во Охрид

Дванаесетгодишниот Марко Пејчиноски е новиот херој на охридското маратонско пливање. Тој вчера за 9.02 часа во екстремно неповолни временски услови на силен ветер и голем бран го преплива Охридското Езеро од Свети Наум до Градското пристаниште во Охрид. Првите честитки за неговиот подвиг пристигнаа веќе на самата цел на Кејот на езерото во Охрид, од неговите најблиски, другарите од школо,...

За доградба на тетовската гимназија повеќе се зборува отколку што се работи

Политички надмудрувања преку прес-конференции се случуваат во Тетово на тема доградба на гимназијата откако лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека партијата ќе се откаже од средствата за референдум за да се пренаменат за училиштето. За гимназијата потребно е да се догради објект каде настава би следеле паралелките на македонски јазик кои минатата година учеа во објектот на старото...

Попушти брана во Мјанмар, итно евакуирани 50.000 луѓе

Повеќе од 50.000 луѓе денеска се евакуирани од своите домови во централниот дел на Мјанмар откако пукна брана и водата го поплави градот Свар и селата во близина. - Многу луѓе од кои некои и директно се погодени од поплавата, одлучија да ги напуштат своите домови, стравувајќи оти би можело да порасне нивото на водата - соопштија од Одделението за...

Жбогар: Јазикот на Блаже Конески и Матеја Матевски ќе биде официјален јазик на ЕУ

Нашата цел е да слушаме и да ги разбереме вашите грижи во врска со процесот на ЕУ. Сакаме да ги споделиме придобивките од тоа да се биде земја-членка, да се биде еднаков дел на поширокото семејство, а со тоа јазикот на Блаже Коневски, Матеја Матевски и Лидија Димковска, да стане официјален јазик на Европската унија преведен како никогаш порано....

Кина негира дека ќе гради воена база во Авганистан

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи на Кина, Хуа Чиунин денеска изјави дека Кина не планира да гради воена база во Авганистан. Нејзината изјава уследи откако весникот „Саут Чајна морнинг пост“ објави дека Кина почна со изградба на својата прва воена база за обука во провинцијата Бадахшан во североисточен Авганистан, во рамки на зголемената соработка со Кабул во...

Се уште трае гаснењето на пожарот во бродот што се запали додека пловеше кон Крит

Под целосна контрола е ставен пожарот што ноќеска изби во гаражата на бродот „Елефтериос Венизелос“ додека пловеше кон грчкиот остров Крит, но гаснењето се уште трае. Како што јави дописничката на МИА од Атина, од бродот и понатаму излегува чад, а непознато е колку возила се опожарени и оштетени исто како што за сега е непозната и причината за пожарот. Според...

Ќе се отвора рудникот „Живојно“

Со врачување на пофалници и парични награди за голем број вработени, кои со децении работаат во Комбинатот, денеска во РЕК „Битола“ беше одбележан Денот на рударите. На свеченоста зборуваа потпретседателот на Владата Кочо Анѓушев, генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Драган Миновски, првиот човек на АД ЕЛЕМ Подружница РЕК Битола, Васко Ковачевски, како и директорот на Рудникот Сувдол, Душан Вукадиновиќ. Честитајќи им...