ОБСЕ: Предолго е времето меѓу поднесување на обвинение и неговото потврдување
Многу од обвиненијата поднесени од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) кон крајот на јуни 2017 година се потврдени пет-шест месеци подоцна што укажува дека е предолго времето меѓу поднесувањето на обвинение и неговото потврдување.
Ова е една од забелешките на Мисијата на ОБСЕ во првиот преоден извештај за активностите и предметите на Специјалното јавно обвинителство кој го опфаќа периодот од септември...
Стотици заразени од западнонилската треска се регистрирани во Италија, Србија и Грција
Западнонилската треска ова лето зеде десетици жртви во Европа, а најзасегнати држави се Италија, Србија и Грција.
Десет смртни случаи од тој вирис се регистрирани во Италија од почетокот на јуни до 23 август, соопштија италијанските здравствени власти. Во тој период се потврдени 255 случаи на заразени со западнонилската треска, а кај повеќето од нив болеста влијаела на нервниот систем...
ЕВН и по либерализацијата на пазарот на струја ќе биде надлежна за нови приклучоци
ЕВН електродистрибуција и по целосната либерализација на пазарот на електрична енергија по 1 јануари идната година ќе продолжи да биде надлежна за приклучување нови корисници на дистрибутивната мрежа.
- Во овој момент ЕВН електродистрибуција работи на нови мрежни правила за дистрибуција на електрична енергија кои треба да се донесат за една година од носењето на новиот Закон за енергетика, а...
Димитров: Не бараме скратени патишта или незаслужени награди
Политичарите можат да направат цела кариера и да живеат од нерешен спор, а можат и да се вложат и да го решат, заштитувајќи го најважното за двете страни, за граѓаните на нивните држави да живеат подобро, истакна шефот на македонската дипломатија Никола Димитров пред членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, елаборирајќи за актуелностите во Македонија во...
Собрание го верификуваше мандатот на пратеничката Снежана Калеска-Ванчева
Собранието на Република Македонија во попладневниот дел од работата на 58. седница го верификуваше мандатот на пратеникот Снежана Калеска-Ванчева која доаѓа на местото на пратеникот Петар Атанасов.
Пратеникот Петар Атанасов од СДСМ на 23 овој месец поднесе оставка на функцијата, која денеска беше констатирана. Атанасов се очекува да биде избран за заменик-министер за образование и наука.
Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски изјави...
Се зголемува бројот на велосипедски патеки низ Скопје
Деновиве заврши изградбата на новата велосипедската и пешачка патека на булеварот „8 Септември“, која се протега од мостот кај хотелот Александар Палас до улицата „Варшавска“.
На промоцијата на новата велосипедска патека присуствуваше и градоначалникот Шилегов.
- Вкупната должина на патеката на овој потег изнесува 1.200 метри и со тоа успешно ги поврзавме постојните велосипедски рути 1 и 2 со кејот на...
Се зголеми бројот на починати од вирусот Западен Нил во Грција
Вкупно 16 луѓе починаа од вирусот Западен Нил во Грција, додека пак регистрирани се 133 случаи на лица инфицирани од вирусот, изјави претставничката на Центарот за контрола и превенција на болести, Данаи Перваниду во интервју за радиото „Практорио фм“.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Перваниду вели дека за жал, ширењето на вирусот е доста големо и се...
Започна реконструкцијата на живеалиштата во Зоолошката градина во Скопје
Со реконструкција на живеалиштето на жирафите денеска започна проектот за реновирање и реконструкција во Зоолошка градина Скопје.
Работите почнаа од живеалиштето на жирафите, а ги изведува градежната фирма „АД Карпош“ која е и донатор на реновирањето.
- Ќе се реконструира живеалиште по живеалиште секаде каде што има потреба. Реновирањето на живеалиштата на животните е една од главните точки на проектот...
Кражба во просториите на ФК Тетекс во Тетово
Просториите на фудбалскиот клуб Тетекс од Тетово се обиени и од таму се украдени топки и копачки. Кражбата се случила ноќта помеѓу понеделникот и вторникот. Економот Петре Јовчевски забележал дека е пребарувано и дека фалат топки и копачки.
-Во вторникот не бевме на работа бидејќи беше неработен ден. Денес претпладне кога дојдов на работа поради редовниот тренинг забележав дека вратата...
Новите членови на грчката влада положија заклетва
Пред претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, во присуство на премиерот Алексис Ципрас новите членови на грчката влада положија свечена заклетва во претседателската палата.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, свечена заклетва положија вкупно 19 министри, заменици и алтернативни министри, меѓу кои 13 се нови, а останатите добија нови функции и позиции.
Дел од нив, вкупно седум одбраа религиозна свечена...







































