МЕР го осуди вербалниот инцидент кој го предизвикал работникот на трасата на Водно
Акционерско друштво за вршење на енергетски дејности МАКЕДОНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ РЕСУРСИ Скопје во државна сопственост во денешното соопштение до медиумите го осудува вербалниот инцидент кој го предизвикал работникот на трасата преку Водно.
- Напоменуваме дека вербалниот инцидент кој го предизвикал работникот не е политика на однесување на МЕР и се коси со протоколите за работа. Вербалниот инцидент силно го осудуваме, а однесувањето на работникот...
Петар Атанасов именуван за заменик министер за образование и наука
Собранието на Република Македонија попладнево со 61 глас „за“ и четири против го избра Петар Атанасов за заменик-министер за образование и наука.
Претседателот на Владата Зоран Заев рече дека Атанасов заедно со министерот за образование и наука Арбр Адеми ќе работи на спроведување на реформите во основното и средното образование, новиот закон за високо образование, а во моментот се усвојуваат...
Вашингтон протестира до Атина за повторниот излез на слобода на лидерот на „17 ноември“
Американскиот Стејт департмент синоќа изрази протест до грчката влада поради дозволата за петдневен излез од затвор на Димитрис Куфодинас, „мозокот“ на грчката терористичка организација „17 ноември“, јави дописникиот на МИА од Вашингтон.
-Уште еднаш силно го осудуваме ослободувањето на терорист осуден за повеќекратни убиства, вклучувајќи го и убиството на Вилијам Норден, аташе за одбрана во нашата амбасада, и Роналд Стујарт,...
Пендаровски: Очекуваме да станеме полноправна членка на НАТО во првиот квартал од 2020
Македонија очекува да стане полноправна членка на НАТО Алијансата во првиот квартал од 2020 година, изјави на денешната прес-конференција во Владата националниот координатор Стево Пендаровски .
Тој посочи дека во наредните неколку месеци Македонија треба да потврди дека целосно ги прифаќа сите одредби од основачкиот документ со кој НАТО Алијансата е формирана.
- Очекуваме пристапните разговори да завршат до Нова година и потоа...
Хаменеи: Ќе се откажеме од нуклеарниот договор ако не е во интерес на Иран
Врховниот лидер на Иран ајатолахот Али Хаменеи денеска изјави дека Техеран може да го напушти нуклеарниот договор со светските сили по повлекувањето на САД од него доколку тој договор не им служи на иранските интереси.
Хаменеи со тоа фрли сенка сомнеж на преговорите за спасување на договорот, кој Иран ги води со европските земји.
-Нуклеарниот договор е средство, а не цел, и...
Спасовски: Сите напади врз новинари кои се случиле по 1 јуни 2017 година се расчистени
Сите напади врз новинари кои се случиле по 1 јуни 2017 година се расчистени од страна на Министерството за внатрешни работи. Полицијата презема низа активности за подобрување на соработката со организациите на новинарите.
Ова денеска го истакнал министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на средбата со претседателката на Македонската асоцијација на новинари, Ивона Талевска, на која се разговарало за случаите...
Раздвоената постапка за Јанкуловска во „Тенк“ продолжува утре со сослушвање сведоци
Раздвоената постапка против поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинтелство за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра, продолжува утре со сослушување на сведоци.
Специјалниот јавен обвинител Стефчо Донев, во воведен говор на денешното рочиште, наведе дека Јанкулоска сторила злоупотреба на службената положба и овластување.
- Ќе докажеме дека Никола Груевски побарал од...
Усвоен концептот на националната структура за водење на процесот за зачленување во НАТО
Владата на денешната седница го усвои Концептот на националната структура за водење на процесот за зачленување на Република Македонија во НАТО.
Како што соопшти на денешната прес-конференција националниот координатор на РМ за НАТО Стево Пендаровски, во националната структура има три дела. На највисоко политичко ниво ќе има Комитет за интеграција во НАТО, второто тело е Работен комитет за интеграција во...
Лозарите до 25 декември може да аплицираат за дополнителната субвенција за „вранецот“ и „смедеревката“
Владата на денешната седница ја донесе Одлуката за воведување нова дополнителна субвенција од еден денар за килограм предадено грозје „смедеревка“ и „вранец“. Лозарите за средства ќе можат да конкурираат до 25 декември 2018 година. Во барањето за аплицирање треба да приложат и доказ (потврда) дека грозјето е предадено во домашни винарии.
Како што соопшти Министерството за земјоделство, корисници на средствата...
Македонија ќе добие две возила и опрема за детекција на нуклеарен материјал
Меморандум за разбирање помеѓу американското Министерство за енергетика и Министерство за внатрешни работи на Република Македонија во врска со спречувањето на нелегалната трговија со нуклеарен и друг радиокативен материјал, денеска потпишаа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли.
Меморандумот, како што рече министерот Спасовски, ќе овозможи поквалитетна контрола и превенција на проблематиката...







































