Поголеми плати за вработените во основно и средно образование

Владата на денешната редовна седница донесе одлука за зголемување на платите на вработените во основно и во средно образование за пет отсто, почнувајќи од исплатата на септемвриската плата годинава. - За покачувањето на платите во основно образование, за четвртиот квартал од 2018-тата година, Министерството за образование и наука ќе издвои 99 милиони денари, додека за покачувањето на платите во средно...

Владата ја одржа 85.седница

Владата на денешната редовна седница донесе одлука за зголемување на платите на вработените во основно и во средно образование за пет отсто, почнувајќи од исплатата на септемвриската плата годинава. За покачувањето на платите во основно образование, за четвртиот квартал од 2018-тата година, Министерството за образование и наука ќе издвои 99 милиони денари, додека за покачувањето на платите во средно образование,...

Турскиот стручњак Хајати Сојдаш е нов тренер на Шкупи

Турскиот фудбалски стручњак Хајати Сојдаш е назначен за нов тренер на фудбалскиот клуб Шкупи. Сојдаш во македонскиот прволигаш доаѓа на местото на досегашниот тренер Зекирија Рамадани, кој си поднесе оставка откако Шкупи беше елиминиран во Купот од второлигашот Кит го и по три кола во првенството нема победа. - На последниот натпревар не одигравме толку лошо, иако загубивме на крајот од...

Собранието утре ќе ја продолжи 58.седница

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери попладнево ја прекина работата по 58. седница, откако беа донесени одлуки за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировните мисии во Авганистан и во Либан. Продолжението на седницата го закажа за утре напладне. Претходно, Собранието на Република Македонија со 61 глас „за“ и четири против го именува Петар Атанасов за заменик-министер...

НАТО: Русија се фокусира на конфликти

НАТО денеска соопшти дека големите воени вежби на Русија и Кина наредниот месец покажуваат дека Москва и натаму е фокусирана на судир од големи размери.  Од Алијансата соопштуваат дека вежбата „Восток 2018“, која во јавноста е претставена како најголема од времето на Студената војна, „покажува дека фокусот на Русија e на изведување судир од големи размери“.   На оваа воена вежба во...

Даниелсон: На 30 септември ќе имате уникатна можност да ја обликувате иднината (видео)

Договорот постигнат со Грција е историски, така е препознаен и признат од севкупната меѓународната заедница и дава пример не само за регионот, туку и за Европа во целина. На 30 септември ќе имате уникатна можност да ја обликувате иднината на оваа земја. Пораката која ја испраќаме е дека ние цврсто ги охрабруваме сите да си донесат свое мислење за...

Косово: Уапсени 16 лица за нелегална трговија со оружје

Косовската полиција во денешната акција со кодно име „Око“, спроведена во Приштина, Гњилане и Урошевац, уапси 16 лица осомничени за нелегална трговија со оружје, јави дописникот на МИА од Приштина. - Управата за борба против организиран криминал, во соработка со Државното обвинителство, спроведе интензивна истрага, со цел расветлување на криминалните дејствија на неколкумина осомничени кои се занимаваа со кривични дела...

Лавров: Недозволиво е терористите да држат цивили како заложници

Терористите во Идлиб настојуваат да користат цивилни заложници како жив штит, што е неприфатливо, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.  Лавров ова го изјави по состанокот со шефот на саудиската дипломатија Абдел ал Џубеир.  Шефот на дипломатијата рекол дека „главен фокус на состанокот на министрите за надворешни работи и одбрана на Русија и Турција во Москва со учество...

Едногодишни суспензии за јапонските кошаркари вмешани во скандалот со проститутки

Четворица јапонски кошаркари, членови на репрезентацијата која настапи на Азиските игри, добија едногодишна забрана да играат, откако претходно беа санкционирани заради изнајмување на проститутки во Џакарта.    Репрезентацијата на Јапонија учествуваше на Азиските игри во Индонезија, а играчите Такуја Хашимото, Кеита Имамура, Јуја Нагајоши и Такума Сато беа испратени порано дома, откако на 20 август им беа одземени акредитациите. Тие беа...

Турција ќе ги интензивира ЕУ реформите, очекува визна либерализација

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу денеска изјави дека во претстојниот период приоритет за Турција ќе биде исполнување на реформите потребни за прием во Европската унија, по што земјата ќе очекува да види резултати, вклучително и во нејзиното барање за визна либерализација за турските државјани во ЕУ. Чавушоглу рече дека државата забрзано ќе работи на реформите во правосудството, човековите...