Отворено 75. издание на Меѓународен филмски фестивал во Венеција
Во Венеција синоќа беше отворено 75-то издание на наjстариoт филмски фестивал во светот, со филмот „First Man“ на американскиот режисер Демијен Шазел.
„First Man“ е биографската сага за Нил Армстронг - првиот човек што стапна на Месечината, а главната улога ја има канадскиот актер Рајан Гослинг.
За разлика од филмот „Гравитација“, со кој Шазел го отвори фестивалот во 2013 година и кој остави впечаток...
Зошто станови во Скопје, платете им апартмани на Марс
Едната дупка, онаа што голташе илјадници евра само за превоз, не ја затворија, а отворија нова, која, по сѐ изгледа, ќе голта многу повеќе од 500 евра по пратеник месечно. И како сега да му се објасни на граѓанинот на држава во која просечна месечна плата не е ниту 400 евра дека за сместување пратеник се потребни 500 евра,...
Се уште трае гаснењето на пожарот во гаражата на грчкиот брод
Веќе 24 часа, противпожарната служба на Грција се обидува комплетно да го изгаси пожарот во гаражата на бродот „Елефтериос Венизелос“.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, жариштето е значително намалено, концентрирано на само еден дел од гаражата што се запали, а веќе беа отстранети неколку камиони, со што се создаде слободен простор и им ја олеснува работата на...
Аларм во Мелбурн – гори хемиска фабрика
Голем пожар во хемиска фабрика во Мелбурн предизвика затворање на неколку училишта, а властите го предупредија населението на 11 региони да не ги напуштаат домовите поради токсичниот чад.
На местото на настанот се слушнати и повеќе експлозии. Со пожарот во вториот по големина австралиски град се борат над 100 пожарникари и 30 единици техника. Пожарот во фабриката, која произведува хемикалии...
Дневен центар за психо-социјална поддршка на децата заболени од рак на Детската клиника
Дневен центар за психо-социјална поддршка на децата заболени од малигни болести ќе биде отворен денеска на Универзитетската Клиника за детски болести.
Центарот „Собата на Жозеф”, се отвора на иницијатива на Здружението „Борка-за секој нов ден“ со цел да им се помогне на децата полесно да минат низ процесот на лекување на ракот, да се надмине стигмата дека ракот дека е...
Кумуцакос: Изјавите на Димитров ја потврдуваат штетноста на Договорот од Преспа
Изјавите на Никола Димитров ја потврдуваат критиката на Нова демократија за штетниот Договор од Преспа, вели Јоргос Кумуцакос во реакцијата за пренесените ставови на шефот на македонската дипломатија пред членовите на Комитетот за надворешни работи во Европскиот парламент (AFET).
Како што јави дописничката на МИА од Атина, одговорниот за надворешна политика во најголемата грчка опозициска партија уште еднаш го повторува...
Трамп верува дека има добар однос со Ким
Американскиот претседател Доналд Трамп верува дека има добар однос со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и оти „нема причина во овој момент да се трошат големи количини пари на заеднички американско-јужнокорејски воени игри“, соопшти Белата куќа.
STATEMENT FROM THE WHITE HOUSE
President Donald J. Trump feels strongly that North Korea is under tremendous pressure from China because of our major trade...
Земјотрес во Струмица
Земјотрес со магнитуда од три степени и епицентар кој потекнува од струмичкото подрачје е регистриран ноќеска во 02:10 часот.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утрово соопшти дека епицентарот бил на 125 километри југоисточно од Скопје.
Земјотресот е почувствуван од населението во Струмица и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала.
Продолжува судењето за „Насилство во општина Центар“
Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за предметот „Насилство во Општина Центар“, на кое треба да продолжи испитувањето на сведоците предложени од Специјалното јавно обвинителство.
Обвинети во овој случај се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица.
Тие се товарат за поттикнување на насилството што се...
Апелација одлучува по жалбата на Груевски за „Тенк“, ново рочиште за Јанкулоска
Апелацискиот суд во Скопје денеска ќе одлучува по жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за пресудата во случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра.
За случајот „Тенк“, поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор, а поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски е осуден на...







































