Една недела пред новата учебна година „Михајло Пупин“ остана без директор

Со одлука на Советот на градот Скопје, а по иницијатива од Државниот просветен инспекторат, во петокот беше разрешен Ефтим Пејовски, директор на средното стручно училиште „Михајло Пупин“. Неколку дена пред почетокот на учебната година засега нема информации кој е именуван и не се знае дали тоа што училиштето нема директор ќе се одрази на работата. Зачудува фактот дека станува...

Дожд, грмежи и температури до 36 степени утре и в сабота

Нестабилно време со пороен дожд и грмежи се очекува утре попладне во западните планински подрачја на државата. Претпладне ќе биде сончево и топло со максимална температура до 35 степени. Локална нестабилност ќе има и во сабота околу пладне претежно во западните и североисточните делови. Во недела и понеделник ќе биде стабилно и суво со температури до 36 степени. Нова дестабилизација на...

Која е горната граница на човековата долговечност?

Седумгодишното истражување, кое опфати 4.000 Италијанци, покажа дека стапката на смртност кај оние во длабока старост изнесува 105 години, за што, меѓу другите, потврда доаѓа и од Македонија, чија најстара жителка е родена во 1910 година во едно кумановско село Од 1900 година просечниот животен век низ светот се дуплира, благодарејќи на подобрата здравствена заштита, санитарните услови и достапноста на...

Разграничувањето на Косово – летен театар или пиромански проект

Опозициските партии на Косово вчера побараа одржување вонредна седница на Собранието на која на косовскиот претседател Хашим Тачи ќе му биде забрането, во дијалогот со Белград, да разговара за поделба или за корекција на границата со Србија Договорот за разграничување меѓу Србија и Косово би значело поставување нови граници на Балканот, што може да предизвика верижна реакција и кај Албанците...

Трамп: Ако треба ќе се организираат многу поголеми воени вежби со Јужна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека доколку е потребно ќе се организираат „многу пообемни“ од претходно зеднички воени вежби помеѓу САД и Јужна Кореја. Но, тој во исто време истакна дека во моментот нема причина да се трошат милиони долари на воени вежби. Трамп тоа го напиша во еден од низата твитови во кои ја обвинува Кина за недоволен напредок во...

Трамп им се закани на „Гугл“, „Фејсбук“ и на „Твитер“

Американскиот претседател Доналд Трамп ги предупреди технолошките гиганти „Гугл“, „Фејсбук“ и „Твитер“ да бидат внимателни, бидејќи се наоѓаат на многу проблематичен терен, обвинувајќи ги за политичка цензура. - Мислам дека тоа што го прават „Гугл“ и другите, ако погледнете што се случува со „Твитер“, ако погледнете што се случува со „Фејсбук“, би било подобро да бидат внимателни, бидејќи не можат...

Судир меѓу француски и британски рибари во Ла Манш

Француски и британски рибари се судриле поради школки, при што Французите ги навредувале британските колеги и фрлале школки, камења и димни бомби врз нив. Инцидентот се случил на 22 километри од брегот на Нормандија, во близината на заливот на Сена. Би-би-си наведува дека инцидентот се случил кога околу 40 француски брода протестирале поради наводниот „британски грабеж“. - Французите се обиделе да...

Солистички концерт на Ева Богоевска во Американската катедрала во Париз

Македонската виолинистка Ева Богоевска на 2 септември ќе одржи солистички концерт во Американската катедрала во Париз, која е реномирана адреса специјализирана за настапи на класична музика. Пијано соработник на концертот ќе биде македонската пијанистка Весна Ангелова-Христов, а на програмата ќе бидат застапени дела од Моцарт, Бетовен и Сен Санс. Солистичкиот концерт на Богоевска во Париз се реализира со поддршка на Министерството...

Нова војна на зборови меѓу САД и Русија

Вашингтон и Москва разменија предупредувања за хемиски напади, додека, пак, Русија ја распоредува својата морнарица пред можната голема офанзива на сириските сили врз последното упориште на бунтовниците во провинцијата Идлиб Русија распореди десетици воени бродови во Средоземно Море, во најголемата концентрација на руската морнарица од влегувањето во војна во Сирија во 2015 година. Засилувањето следува во момент кога, според повеќето...