Италијанецот Гетини е победник на Охридскиот пливачки маратон

Франческо Гетини од Италија е победник на 32. Охридски пливачки маратон. На целта натпреварувачите ги пречка претседателот Ѓорге Иванов, кој му честиташе на победникот. Дваесет и пет километарската трка ја почнаа 30 натрпеварувачи во машка и женска конкуренција, од кои двајца се откажаа некаде на половина, во близина на Трпејца. Стартот го означи единаесет кратниот победник, Петар Стојчев од Бугарија. Бугарскиот пливач победуваше од 2001...

Министерот Димитров го посети Летниот камп по македонски јазик и култура

Министерот за надворешни работи Никола Димитров го посети Летниот камп по македонски јазик и култура „Ја сакам Македонија”, што во организација на Министерството за надворешни работи се одржува во Охрид, а на кој учествуваат деца со македонско потекло од десет држави од регионот и пошироко.  Димитров изразил благодарност за интересот да се посетува наставата по македонски јазик и потенцирал дека...

Карванот на баскетџии во Гевгелија

Карванот на баскетџии од Македонија денеска и утре ќе престојува во центарот на Гевгелија каде на импровизирано игралиште ќе се натпреваруваат, надигруваат и докажуваат 16 екипи од Македонија. Турнирот 3Х3 е број еден урбан тимски спорт во светот, прифатен од ФИБА и ќе биде дел од Олимписките игри во Токио во 2020 година. Од здружението за промоција и популаризација на кошарката...

Претседателот Иванов ги прими учесниците на 57. Струшки вечери на поезијата

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во „Вила Билјана" во Охрид ги прими годинешниот лауреат на наградата „Златен венец" на Струшките вечери на поезијата, полскиот поет Адам Загајевски, добитникот на наградата „Мостови на Струга" на СВП и УНЕСКО, финскиот поет Паули Тапио, и организаторите на 57. издание на Струшките вечери на поезијата. Иванов им честитал на наградените поети, оценувајќи дека добиените награди...

Големо невреме ја погоди Истра, поплави низ улиците (видео)

Големо невреме го погоди хрватскиот полуостров Истра, каде падна огромно количество на дожд. Автоматските метеоролошки станици во Умаг регистрирале количество од 44 милилитри дожд, а на аеродромот во Порторож дури 52 милилитра. Водениот бран го зафати и Пореч, каде дувал и силен ветер. Некои делови на Истра останале без електрична енергија.  https://www.youtube.com/watch?v=OlhID9xD2-M

Почина актерот Ванчо Петрушевски

Еден од најпознатите македонски актери, Ванчо Петрушевски, почина на 67-годишна возраст. Неговите пријатели и колеги веќе ја споделуваат веста на социјалните мрежи.   - Тукушто разбрав дека доајенот на Драмски театар и македонското глумиште, Ванчо Петрушевски, трагично го загуби животот. Почивај во мир Рамче. За комеморацијата и погребот дополнително ќе известиме, напиша на Фејсбук директорот на Драмски театар, Сашо Тасевски.   Неофицијално, актерот...

Уапсен рускиот опозиционер Алексеј Навални

Рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој е најголем противник на Кремљ, е приведен денеска пред неговиот дом од засега непознати причини, објави на Твитер неговата портпаролка Кира Јармиш. Навални е приведен пред два часа пред неговиот дом. Моментно тој се наоѓа во полициска станица. Не кажуваат зошто е уапсен. Одземен му е и телефонот, напиша портпаролката на Твитер. 

Турската полиција уапси над 20 лица и употреби солзавец врз демонстранти во Истанбул

Турската полиција уапси над 20 лица и употреби солзавец со цел да растера десетици луѓе, кои не ја почитувале забраната за организирање протести во Истанбул, пишува опозицискиот весник „Џумхуриет“. Семејствата на исчезнати луѓе во Турција, група позната како „Саботни мајки“, се собираат секоја сабота од мај 1995 година на бдеење во квартот Бејоглу во Истанбул. За денеска беше закажан 700-от...

Маратонците на половина трка

 Учесниците на 32. Охридски пливачки маратон ја поминаа скоро половина од патеката „Климе Савин“ во должина од 25 километри. Засега пливаат во група, никој од пливачите не се одделува, што можеби зачи штедење на силите и тактизирање за финишот. Во групата се и македонските претставници Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев. Маратонците пливаат од Свети Наум до охридското пристаниште, а моментално...

РСБСП: Како последица на брзо возење лани загинале 72 лица

Брзото и неодговорно однесување во сообраќајот и понатаму останува главна причина за предизвикување сообраќајни незгоди со фатални последици, укажува Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Во одредени ситуации, како што соопшти денеска РСБСП, намалувањето на брзината на возење од само 5 километри на час може да биде клучно дали одредена незгода ќе се случи или не, и дали...