Фото: Маја Јаневска-Илиева

Невремето проследено со пороен дожд, град, грмотевици и ветер што попладнево го зафати Скопје, предизвика поплавување на улици, подвозници, куќи и дворови, а се забележуваат и паднати дрвја на неколку места низ главниот град.

Според првичните информации во повеќе делови од градот дошло до прекин на електричната енергија.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека поголема нестабилност се преместува преку западниот дел на Скопје и слабо се движи кон север до североисток.

Претходно невреме ги зафати и Тетово и околината.


Невремето предизвика прекин на електричната енергија во Собранието

Пратениците попладнево ја продолжија расправата за новата влада, која треба да биде избрана најдоцна до полноќ, но седницата беше прекината поради прекин со напојување со електрична енергија поради невремето во Скопје. Од Собранието велат дека седницата ќе продолжи откако ќе се надминат техничките проблеми предизвикани од невремето.