Треба ли да потсетувам колку пати досега по најразлични поводи и без повод се веело албанското знаме, поточно знамето на друга држава. Да не споменувам само колку пати досега за време на државни празници на Македонија се веело знамето на друга држава, која нема ништо со тој празник. Од друга страна, пак, сведоци сме за невидената тортура што ја преживува адвокатот Тони Менкиноски, кој се соочи со обвинение само затоа што на местото Долна порта во Охрид го развеа македонското историско знаме со сонцето од Кутлеш
Викендов во кумановското село Сопот беше отворен музеј на терористичката УЧК, која како агресорска паравојска однадвор ја нападна суверена Македонија во 2001 година и во соработка со внатрешни квислинзи ги окупира и ги држеше под опсада нашата држава, суверената власт и територија.
На гореспоменатиот настан присуствуваше лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој потоа на Фејсбук објави фотографии од музејот и околината. Токму тие фотографии ја разбрануваа јавноста, а особено онаа на која на поставен камен постамент беше крената мермерна плоча во која беше врежана карта на голема Албанија, во која беа влезени Приштина, Прешево, Скопје, Тирана…
Овој случај предизвика тектонски реакции на неодобрување во јавноста. Провокација ли е, предизвик, повик на меѓусебна етничка и конфесионална пресметка и оружен судир, грабнување територија или загрозување територијална целовитост, повик за сецесија и приклучување кон други држави, демонстрација на шовинизам и чествување убиства над припадници на македонските безбедносни сили и над невини цивили?! Дилеми, колку и да сака човек. Но сите тие дилеми се во еден негативен контекст, сосема различен од името на партијата на лидерот и промотор на настанот: Демократска унија за интеграција. Па сето тоа што го кажа Али Ахмети во Сопот нема ниту една допирна точка ниту со демократијата ниту со интеграцијата на етникумите во Македонија, а ниту пак со постигнување некаква унија на граѓаните во државава за заеднички, стратегиски и просперитетни цели!
Во еден таков контекст, меѓу другите, се огласи и премиерот Димитар Ковачевски, како и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, и по кратко време плочата со карта на голема Албанија беше отстранета од постаментот.
Да не се лажеме, ова не е ниту прв ниту последен пат да се случат вакви инциденти. Ајде да не потсетувам подетално на сите минатогодишни поставувања споменици во чест на УЧК, кои беа поставени во општината Чаир, едниот на Бит-пазар, другиот во Скопје Север….
Да не потсетувам колку пати досега се веело знамето на Република Албанија, што е сепак знаме на друга држава, без разлика кој и како го толкува. Треба ли повторно да се потсетуваме само колку пати досега за време на државни празници на Македонија се веело знамето на друга држава, која нема ништо со тој празник? Само во Западна Македонија овие „невини“ поставувања на знамиња станаа секојдневие, а граѓаните веќе безмалку отрпнаа на таквиот игнорантски однос од страна на институциите.
И за тоа никој никогаш не добива казна, ниту пак сме сведочеле дека нешто се преземало. Иако законот е јасен по тоа прашање.
Случајот „Сопот“ предизвика тектонски реакции на неодобрување во јавноста: провокација ли е, предизвик или, пак, повик за меѓусебна етничка и конфесионална пресметка и оружен судир, грабнување територија или загрозување територијална целовитост, повик за сецесија и приклучување кон други држави, демонстрација на шовинизам и чествување безобѕирни убиства над припадници на македонските безбедносни сили и над невини цивили?! Дилеми, колку и да сака човек. Но сите тие дилеми во јавноста се во еден негативен контекст, сосема различен од името на партијата на лидерот и промотор на настанот: Демократска унија за интеграција?! Па сето тоа што го кажа Али Ахмети во Сопот нема ниту една допирна точка ниту со демократијата ниту со интеграцијата на етникумите во Македонија, а ниту пак со постигнување некаква унија на граѓаните во државава за заеднички, стратегиски и просперитетни цели!
Од друга страна, пак, сведоци сме за невидената тортура што ја преживува адвокатот Тони Менкиноски, кој заработи обвинение за нарушување на јавниот ред и мир, само затоа што на местото Долна порта во Охрид го развеа знамето на Кутлеш, за празникот Богојавление. Тогаш беа повикувани на распит десетина граѓани на Охрид за да го објаснат своето учество на настанот, но адвокатот Менкиноски сам се пријави во полиција дека е одговорен за поставувањето на знамето и ја презеде целата одговорност за настанот. Тој тврди дека случајот не може да биде третиран како нарушување на јавниот ред и мир, затоа што од него никој не бил вознемирен.
Адвокатот инаку е познат по тоа што ги застапува Македонците во Бугарија пред Судот за човекови права во Стразбур и токму најголемиот број од тие случаи ги доби.
Но токму различниот третман кон овие два случаја нѐ наведува на сериозно размислување. За што се работи овде? Какви се овие двојни критериуми? За што му се суди на Менкиноски, зошто државата го третира како да е најголем негативец и криминалец во приказнава, додека од другата страна секојдневно ни се случува веење на знаме на друга држава, што е незаконски и се коси со правниот систем во земјава.
Македонското сонце од Кутлеш не е симбол на ниту една држава и тоа е историски симбол на нас Македонците, а црвеното знаме со орелот е официјално знаме на Република Албанија и постојат строги законски одредби кога и каде може да биде развиорено. Да не зборуваме за знамето на голема Албанија, кое не толку одамна беше развиорено среде Тетово, па потоа со денови не можеше да се идентификува лицето што го развиори, за на крајот да биде пронајдено во Германија (!?).
А што се однесува до законот, строго е забрането со меѓународни договори да биде развиорено знаме на туѓа држава, и тоа не е само кај нас. Експертите укажуваат дека кога ќе го развиорите знамето на туѓа држава, според меѓународно право, тоа значи дека ја поседувате таа територија или дека сте ја освоиле.
Наедно, за употреба на албанското знаме на територијата на Македонија, експертите укажуваат дека оваа територија не е освоена и затоа укажуваат дека треба да се поведат постапки против сите оние што веат државно албанско знаме, затоа што во тој случај тоа е знаме што содржи елементи на шовинизам и експанзионизам кон нас Македонците. Дали ова е доволен аргумент за да преземат мерки надлежните државни институции? Дали сакаме или се откажавме од своја држава во која треба демократијата, владеењето на правото и правдата да бидат највисоко достигнување по историското изборување за своја национална, суверена и самостојна татковина? Играње со ова нема!