Веќе видено, доживеано, преживеано, ама пак боли!

За последниот извештај изготвен од Томас Вајц во два-три збора можам да кажам веќе видено, доживеано, проживеано, арно ама пак боли. Боли тоа негирање на македонскиот идентитет, на македонскиот јазик, на она што го создавале моите и вашите предци. И сега некој ви го узурпира тоа, ви го одзема, перверзно и бесрамно ви го краде. До кога, бре!

Пред дваесетина години имав можност да учествувам на годишната конференција на ОБСЕ/ОДИХР во Варшава, каде што се расправа, дебатира и манипулира за човековите права. Немојте да мислите дека и тие што се борци за човекови права не манипулираат. И тоа како се опасни! Изгледа е точно дека во секого од нас се крие понекоја ѕверка. На таа конференција имавме можност да зборуваме и за состојбата со малцинствата, а секако и за македонското национално, со фокус на Бугарија и на Грција, каде што владее атмосферска појава на шовинистичка малцинска магла. Таму нема малцинства. Секаде има, таму нема. Македонците со децении си ги бараат своите права, ама кој да ги слушне. И ете, се даде убава можност за некој да слушне. Во една посебна просторија во луксузниот хотел (сега изгледа се вика „Радисон блу“) беше предвидено да се одржи посебен состанок на кој ќе се разгледуваат завршните работи околу отворањето на центарот за антисемитизам со седиште во Берлин. Наскоро тој се отвори. Главно беа присутни Американци (голем дел од нив Евреи), амбасадори, и јас успеав да влезам, си седев, слушав… На крајот искористив можност за мало обраќање. Никој не ме спречи во тоа. Кога зборуваме за антисемитизам, антиџипсизам и еден куп негативни изми, реков, има и еден глобален феномен што го нарекуваме антимакедонизам. Беа збунети, но трпеливи да слушнат. Кратко и јасно – нам не ни ја признаваат државата (сме биле вештачка творба), не ни го признаваат јазикот, и тој сме го позајмиле од Бугарите, не ни ги признаваат ни територијата, ни границите, ни историјата, ни верата, ни писменоста… Ништо. Велат Македонија и не постои, измислена работа. Точка! Видете, завршив, антмакедонизмот е антисемитизам кренат на петти корен.

Можеби тие мои зборови, како и зборовите на архимандрит Никодим Царкњас, кој беше таму, допреле до некого, гибнале нечија совест. Можеби. Но, добив впечаток дека повеќето од нив како првпат да слушаат за антимакедонизам. Тие не знаат што е тоа, за каков проблем зборуваме, со кој е соочен еден стар народ во најдемократската конструкција – Европа. Не ја знаат нашата приказна, а за тоа сме виновни ние. Не сме ја раскажале доволно гласно, доволно убедливо.
И тој антимакедонизам, кој поминува несанкционирано, продолжува да живее во официјалните политики, а тоа го слушнавме деновиве во Европскиот парламент. Сите ние слушаме говори што не се санкционираат и инспирирани од нацистичките лидери што повикувале на анихилација, уништување, требење или искоренување на цели нации. Денес тоа се слуша во Брисел, во Стразбур, и се оправдува со зборовите – па ние сме демократски општества и можеме да кажуваме што мислиме. А фактите? А искривувањето на фактите? Ретуширањето на историските вистини? Што со нив? Или тоа не важи кога се во прашање Македонија и Македонците? Кус одговор – не важи. Да не се залажуваме, за нас Македонците важи само стапот. И ќе нѐ тепаат додека не нѐ отепаат. Се разбира, ако можат.
Пишувајќи и следејќи го македонскиот пат кон ЕУ (јас сум евроскептик по тоа прашање) и читајќи го последниот извештај изготвен од Томас Вајц, во два-три збора можам да кажам веќе видено, доживеано, проживеано, арно ама пак боли. Боли тоа негирање на македонскиот идентитет, на македонскиот јазик, на она што го создавале моите и вашите предци. И сега некој ви го узурпира тоа, ви го одзема, перверзно и бесрамно ви го краде. До кога, бре! Но… има тука стапици. Во извештајот светлина во тунелот се гледа во тоа што се повикува на почитување на Копенхашките критериуми и дека тоа треба да важи и за Македонија. Дали со тоа се отвора некое вратиче за да можеме да направиме исчекор во преговорите со Бугарија (ЕК), со тоа што како услов нема да важат дополнителните протоколи, а нема никаква правна логика тие да важат? Јас и за тоа се сомневам.

Нашиот проблем е што веќе цели седум години живееме со продаден идентитет. Една млада генерација родена пред седум години денес се запишува во прво одделение со „роден/а во Северна Македонија“. Тие имаат документи во кои едвај да има место за нивниот идентитет „Македонец/Македонка/граѓанин на Република Северна Македонија“. Ним им се токмат нови книги, цензурирани, ќе учат заедничка
историја. Нивните врсници од соседството ќе им се смеат еден ден и ќе ги третираат како индивидуи од втор ред, зашто нивните татковци некаде потфрлиле

Иако ни тука не завршува светот, па ни за нас. Нашиот проблем е што веќе цели седум години живееме со продаден идентитет. Една млада генерација родена пред седум години денес се запишува во прво одделение со „роден/а во Северна Македонија“. Тие имаат документи во кои едвај да има место за нивниот идентитет „Македонец/Македонка/граѓанин на Република Северна Македонија“. Ним им се токмат нови книги, цензурирани, ќе учат заедничка историја. Нивните врсници од соседството ќе им се смеат еден ден и ќе ги третираат како индивидуи од втор ред, зашто нивните татковци некаде потфрлиле.
Преспанскиот договор ни го укина континуитетот како нација, а тој цивилизациски кањон ќе го докопаат, да оди подлабоко и пошироко, Бугарите и нивните жестоки антимакедонски кампањи со намера да нѐ пикнат живи во гроб. Па, чекајте, нели беше доволно што во Егејска Македонија на гробовите на моите предци на кои кирилично им беа испишани нивните имиња, потоа им ги напишаа на грчки грцизираните имиња? И на мртвите им го менуваа идентитетот, а сега нам нѐ токмат живи да нѐ погребаат. Пред очите на цивилизирана Европа. Тешко на сите нас што го гледаме ова, ама и не се трпи. Треба да се стават и точки и извичници, доста беа само прашалници како лажна надеж. Преспанскиот договор, како и тој со Бугарија за добрососедство и менување на сопствената историја и идентитет, ни создадоа проблеми, а не ни решија ништо. Само ни го средија џелатски идентитетот. Станавме исечок од слика на Бројгел, каде што во центарот на ужасите една отсечена глава се тркала, ококорена, не верувајќи дека повеќе не може и не смее да се спои со телото. Мислата е сѐ уште жива. Македонската мисла вели дека нашата бесмисленост се наоѓа во Преспанскиот договор, нелегално постигнат и апсолутно нелегално потпишан од тогашниот министер Никола Димитров. По сличен терк е постигнат и нелегалниот договор со Бугарија и како такви тие треба да бидат поништени. Ако не се направи тоа, ние немаме баш никакво право да се тепаме со Европејците на нивен терен. Тие секогаш ќе ни кажуваат: Еве, ова сте го потпишале.
А ова е долгорочен проект, проект како да ја снема Македонија, лулката на цивилизацијата, папокот на светот. Потсетете се колку фирми во изминативе две-три децении ја изгубија некаде по патот на транзицијата (не само економска) придавката „македонски“, „македонско“ („Жито Македонија“, „Македонка Штип“, македонски текстил, цигарите „македонка“… додавајте). Не било од вчера, но да се заврши денес.
Ќе биде изброен тој што ќе се крене да го видат, да го чујат, а не тој што нема да го види никој.