Триесетти септември – ден на македонскиот непокор

На 30 септември го празнуваме денот на македонскиот непокор! На 30 септември го празнуваме и споменот за Римјанката Софија, која своите три ќерки маченички Вера, Нада и Љубов ги воспитала да имаат вера во себеси и во Бога, да имаат надеж во неговата добрина и љубов кон ближните и Севишниот. Тие живееле во првата половина на вториот век по Исуса Христа, за време на владеењето на императорот Хадријан. Римјанката Софија живеела како вистинска христијанка, со добри дела, со смиреност на душата и покорност на божјата волја. Во тој дух и ги воспитувала и своите три ќерки, кои ги носеле имињата на трите најважни христијански вредности: Вера, Надеж и Љубов.
Некои велат надежта последна умира! Не! Надежта никогаш не умира, таа вечно живее, затоа што животот продолжува…
И, бидејќи повторувањето е мајка на знаењето… На 30 септември 2018 година, пред осум години, речиси две третини од вкупниот број запишани избирачи, Македонци по род и државјанство, НЕ ГЛАСАА „за членство во ЕУ и НАТО“ и не ја прифатија спогодбата Димитров-Коѕијас од 17 јуни 2018 година за промена на името на државата Македонија и идентитетот на македонскиот народ, и покрај државниот терор на тогашната марионетска влада врз граѓаните – референдумот да успее.
Вечерта на 30 септември 2018 година македонскиот народ и граѓаните на Македонија на Семакедонскиот собир прокламираа Семакедонска декларација со која констатираа дека: „Одлуката за членство на државата Македонија во Европската Унија и НАТО со прифаќање на спогодбата Димитров-Коѕијас за промена на името на државата и идентитетот на нацијата, донесена од Собранието на 30 јули 2018 година, НЕ Е усвоена на референдумот одржан на 30 септември 2018 година!“
На 1 октомври 2018 година Државната изборна комисија соопшти дека на референдумот одржан на 30 септември 2018 година, од 1.806.336 граѓани запишани во избирачкиот список, гласале 666.743 граѓани или 36,91 проценти од вкупниот број граѓани запишани во избирачкиот список. Бројот на неупотребени гласачки ливчиња изнесува 1.139.593.
На референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“, „за“ гласале 91,46 проценти или 609.813 граѓани, а „против“ се изјасниле 5,65 проценти или 37.700 граѓани. Неважечки гласачки ливчиња се 19.221 или 2,89 проценти.
„Одлуката не е усвоена, бидејќи не гласале повеќе од половината од вкупниот број граѓани запишани во избирачкиот список“, појасни претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.
„Северна Македонија“ претставува привремена состојба, која мора да заврши со итно и безусловно еднострано раскинување на спогодбата Димитров-Коѕијас од 17 јуни 2018 година. Секое именување на државата Македонија со геноцидната придавка „Северна“ од кого било, претставува кривично дело!
А, 81 пратеник, премиерот и 26 министри што гласаа за Законот за ратификација на спогодбата Димитров-Коѕијас и за уставните амандмани 33, 34, 35 и 36 на 11 јануари 2019 година и 9 уставни судии што ги отфрлија иницијативите на поништување на Законот за спогодбата Димитров-Коѕијас и Указот за негово прогласување без потпис на претседателот на државата, кога тогаш, треба да бидат казнети со доживотен затвор и конфискација на личниот имот и имотот на членовите на нивните семејства, дома и во светот, за најтешки кривични дела – велепредавство, геноцид врз македонскиот народ и злосторство против човештвото што не застарува! За нив нема помилување, со нивните дела нема помирување!
Пораките од Семакедонската декларација важат и денес, затоа потсетувањето.
Ние, Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во татковината и светот, во врска со референдумот одржан на 30 септември 2018 година, ја прокламираме следната

СЕМАКЕДОНСКА ДЕКЛАРАЦИЈА

1. Одлуката за членство на Македонија во Европската Унија и НАТО со прифаќање на спогодбата Димитров-Коѕијас за промена на името на државата и идентитетот на нацијата, донесена од Собранието на 30 јули 2018 година, НЕ Е усвоена на референдумот одржан на 30 септември 2018 година!
2. Во согласност со членот 19 од Законот за референдум, за иста одлука Собранието не може да гласа пред истекот на рокот од две години од денот на одржаниот референдум.
3. Ги потсетуваме премиерот, министрите и пратениците дека трајна и непроменлива е одлуката од референдумот одржан на 8 септември 1991 година, кога Македонците, по род и државјанство, речиси 80 проценти од вкупниот број запишани избирачи, гласаа „ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки! Одлуката на референдумот според членот 73 став 4 од Уставот е задолжителна за сите, без исклучок!

4. Спогодбата Димитров-Коѕијас не е дел од внатрешниот правен поредок на државата Македонија, бидејќи не е ратификувана во согласност со Уставот: (1) Спогодбата не е склучена од претседателот на Републиката, (2) Указот за прогласување на Законот за ратификација на спогодбата не е потпишан од претседателот на Републиката, и (3) Законот за ратификација на спогодбата е објавен во „Службен весник“ без потпис од претседателот на Републиката на Указот за негово прогласување.
5. Спогодбата Димитров-Коѕијас претставува флагрантно кршење на Уставот и законите на државата Македонија, таа е ништовна според домашното и меѓународното право, бидејќи со билатерален договор не може да се суспендира универзалното право на самоопределување и самоидентификација на македонскиот народ!
6. Бараме јавниот обвинител да поднесе обвинителен акт против премиерот, министрите и пратениците што гласаа за спогодбата Димитров-Коѕијас за сторени кривични дела против државата и нацијата – велепредавство, геноцид врз македонскиот народ и злосторство против човештвото што не застарува, бараме Судот да ги осуди со казна доживотен затвор и конфискација на личниот имот и имотот на нивните семејства, дома и во светот!
7. Ги отфрламе и ги сметаме за ништовни договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година, спогодбата Димитров-Коѕијас од 17 јуни 2018 година, амандманите на Уставот на Република Македонија од 11 јануари 2019 година и Законот за употреба на јазиците објавен во „Службен весник на Република Македонија“ од 14 јануари 2019 година, бидејќи се во спротивност со домашното и меѓународното право и претставуваат велепредавство на нацијата и државата.
8. И покрај сѐ и по сѐ, повторно декларираме: Културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чија основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации!
Отфрламе ревизија на македонската историја по барање на соседните метрополи.
9. И натаму предлагаме историско помирување на македонскиот народ со сите соседни народи и договори за траен мир и добрососедство на државата Македонија со сите соседни држави, но врз основниот принцип на меѓународното право на суверена еднаквост, што подразбира: заемно почитување и разбирање, соработка со сите по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи на суверените држави и реципроцитет во меѓусебните односи, и покрај последиците од Балканските војни 1912-1913 година: окупацијата врз Македонија и геноцидот врз македонскиот народ кои сѐ уште траат.

10. И натаму предлагаме уставна декларација за почитување на правата и слободите на националните малцинства независно од пописните резултати! Предлагаме договори за положбата и правата на националните малцинства во Македонија и на деловите на македонскиот народ во соседните држави на реципроцитетна основа!
11. Бараме спогодбата Димитров-Коѕијас еднострано да се раскине и да се огласи за ништовна и за тоа со нота веднаш да се известат генералниот секретар и земјите членки на Обединетите нации, а до Генералното собрание да се достави резолуција за продолжување на членството во Обединетите нации под единственото државно име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка „Република“ како јасна разлика од истоимената северна провинција во Грција и југозападна провинција во Бугарија, без латинична транскрипција на македонскиот јазик (Republika Makedonija), туку на англиски јазик Republic of Macedonia, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на македонскиот народ и јазик на англиски јазик Macedonian people и Macedonian language, независно од историските хипотеки на Балканските војни 1912-1913 година – окупацијата врз Македонија и геноцидот врз македонскиот народ кои сѐ уште траат!
12. Отфрламе пристапување на државата Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО, поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата Македонија и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на името на македонскиот народ, јазик, култура и историја, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија.
ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата Македонија и идентитетот на македонската нација!
13. Бараме Уставниот суд да постапи по иницијативата од 9 мај 2017 година и Врховниот суд преку Управниот суд да постапи по барањето од 26 мај 2017 година, поднесени од Светскиот македонски конгрес, за поништување на одлуката за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието на Република Македонија!
14. Бараме Владата да поднесе оставка, Собранието да се распушти и да се организираат вонредни парламентарни избори!
15. Им благодариме на сите што на кој било начин придонесоа за безусловен бојкот и масовна неизлезеност на референдумот одржан на 30 септември 2018 година, за одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на македонската нација!
16. Оваа Декларација се доставува до: претседателот, Собранието и Владата на Република Македонија; јавниот обвинител и народниот правобранител; постојаните земји членки на Советот за безбедност на Обединетите нации; ЕУ, НАТО, ОБСЕ и Советот на Европа.
За крај, семакедонскиот аманет: Македонската света земја којашто Вие со македонска крв ја окупиравте, не Ви ја продадовме, ниту Ви ја подаривме. Таа никогаш нема да биде Ваша… Чувајте ја, почитувајте ја, сакајте ја, обработувајте ја, но никогаш не заборавајте, дека утре, кога Вашите деца ќе си играат, во секое поточе, во секоја река, под секое дрво, под секој камен, живеат духовите на нашиот древен народ македонски! И наскоро, многу побрзо отколку што Вие можете и да си помислите, духот на семоќниот наш врховен бог македонски – Македон, ќе слета над оваа земја и со својот здив ќе ги откорне плитко закопаните коски на Вашите мртви предци и ќе ги исфрли преку Синото, Белото и Црното Море, во Азија и Африка, онаму од каде што дошле, а нашето семе како феникс повторно ќе никне на својата света земја Македонија!
Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот! Сите Македонци еден за друг! Амин!

Тодор Петров