Еквисекуларизам, еквиконфесија и еквимилитаризам (прв дел)

  • Сите три поими во насловот се „кованици“ и не се среќаваат во секојдневниот говор. Но тие се фундаментален опис на секојдневниот живот денес. Идејата за „екви“ во овој текст е сила или моќ што ја држи групата во структуралност. Може да гледаме и некаква сличност со „гравитацијата“, која ги создава планетите, ги „гмечи“ ѕвездите и галаксиите, па колку е посилна, толку материјата е изогена. Човекот е космос, а мисли дека е индивидуа

Да разјасниме веднаш – „екви“ на латински значи еднаков. Овде значи „уравниловка“ – ако јас сум религиозен, сакам сите да имаат иста религија како мене и по цена на егзистенција. „Секуларност“ на латински е „век“, но во широка смисла е световност. „Секуларност“ е широка социолошка состојба на општество или круг односно околина каде што религиозната супремација исчезнува од „играта“ на јавноста и нормите. Тоа е политичка идеологија каде што и власта и цивилните практикувања се чуваат „одвоено“ од религијата. Историски тој расцеп и „рекомбинација“ се скорашни и ги гледаме примарно по Француската револуција, секундарно по Првата светска војна и терциерно – сега, во посткомунистичката, постладновоената и епикибернетска рефабрикација на сфаќањата. Секуларни се во Кина и Чешка 90 отсто, Холандија и Естонија 60-70 отсто, а САД 29 отсто. „Секуларен хуманизам“ е актуелен поглед на хомо сапиенс како личност што формира етички одлучувања базирани на разум, логика, искуство и емпатија порадо отколку на божествени и религиозни диктуми. Сите три поими во насловот се „кованици“ и не се среќаваат во секојдневниот говор. Но тие се фундаментален опис на секојдневниот живот денес. Идејата за „екви“ во овој текст е сила или моќ што ја држи групата во структуралност. Може да гледаме и некаква сличност со „гравитацијата“, која ги создава планетите, ги „гмечи“ ѕвездите и галаксиите, па колку е посилна, толку материјата е изогена. Човекот е космос, а мисли дека е индивидуа. Колку системот е поразвиен, толку поважна станува индивидуата (антикомпактност, паниндивидуализам). Така, во денешниов свет имаме судир меѓу сили на индивидуа и сили на мултитудност. Земете го Блискиот Исток. Го имате Иран со ајатоласите, кој е автократен-системоцентричен феномен, каде што индивидуата е „бројка“, па дури и „бројка без број“, па управувањето се одвива „феноменално“. Од друга страна ја имате Америка, која развива „култ на индивидуата“ што има сила да го смени системот, па имате проблем каде што не може да собере „вектор“ (мултитудна сила) за да му се спротистави на Иран. Ја имате и Европа, која со децении ја „хиперкултивизира“ индивидуата, слободите, и со тоа се антимилитаризира, па не може да собере војска ни против обични терористи, а камоли против Иран. Затоа сега вештачки сака да се ремилитаризира (компактизира). Измислува „кластери“ (тоа е изосекуларизам) и сонува за униармада, која е тешко да ја постигне. Притоа измислува и „вештачки религии“, односно „вештачки бабароги“ (на пример Русија со сателитите), кои можат реактивно да се активираат. Кај нас прво се партиите, кои изигруваат колективна индивидуа. Внатре се сите еден, односно „еквисекуларни“, а надвор се антисекуларни (сите против сите). Сега станавме и 27-та членка на некаков сојуз („Coalition of Willing“ со плус Молдавија), кој јас не разбирам дали е воен, псевдовоен, уметничко-постмодернистички, „nom de plume“ или, како што велат модернистите, „I like you, but I don’t love you“ (ми се доаѓаш, ама не те сакам). А што ако на пример Русија сфати дека тој сојуз е воен? Ајјјјј… нѐ фати ежот! Може да станеме нишан за тактичка атомка! А знаете што е тоа тактичка атомка? Најчесто нешто како Хирошима (15 килотони)! Но има и помали, со 0,1 килотон, па би срушиле аеродром, артилериски блок или дел од град. Физичарите велат дека може да се направи „одбивач-огледало на неутрони“ (најчесто берилиум) околу помала маса ураниум 238, па се „пали“ помала критична маса.

Можно е и да е портабилна (фрлач „Дејви Крокет“). На првата проба во 1962 година во Невада присуствувал и Роберт Кенеди. Велат дека се тргнати од Европа, но се дискутира за поставување на бомби W76-2 од 5 килотона (можеби се и поставени) и Б-61. Психолошкиот ефект е ужасен и може да предизвика каскада на „одмазднички“ детонации. Па, и за неутронската бомба велат дека е тактичка. А знаете што е тоа неутронска бомба? Термонуклеарка! – „Ах, ме изгоре, бе чапкан Димчо, моја прва севдо… како зеде Митра (Европа) дејгиди Димчо“. Да, да, јас разбирам дека Македонија „со заби“ се бори да влезе во Европа, но не грижете се – Бугарија „со ајкули“ ќе го спречува тоа. Гледате – Радев се „орбанизира“ со разни „вонтековни ЕУ-вербализми, не заради „трезвеност и свесност“, туку да го израдува шефот. Инаку, Бугарија ѝ е историски „должник“ на Русија, а јудобакнувач на Америка. Кон Македонија е колонијалист со џихадистички нагон и мерак… а со една рака е „невеста што фрла шамиче“ кон Јонско Море. Има сила појака од антибалистичкиот сојуз – „црноморскиот колбас“, кој има мултивекторски гравитации. Капиши? Тоа што вели дека Македонците ѝ се закануваат на безбедноста на Бугарија е хитлероидна реторика, бидејќи Хитлер пред секоја инвазија велел дека е „загрозен од тој народ“. Украина игра со деветтоевропски „антибалистички сојуз“ – жешка игранка што ми мириса на предофанзивен рулет. Изненадува Зеленски, кој ми личи на „extreme skyboarding“ и уште е жив. Од чаушескувизам транзитира во шекспировски Ричард Трети. Украина е и фабрика за евтина балистика. Прашање – како џихадистите (Пакистан) направија атомска бомба? Тајно – како без ЦИА и НСА? Ај, ви се молам. Гасна сепарација на ураниум измисли прво Дирак, потоа нацистите (Зипе), па од нив Советите, па преку Тито-Хрушчов отиде кај „неврзаните“, прво Индија, па преку фамозниот Абдул Кадир Кан тајно во Пакистан, па почна во други исламски држави („исламска бомба“), па Северна Кореја – нуклеарна Пандора! Од таму иде и во Иран – на здравје џихадољупци! Зошто тоа порано не го спречуваа службите на САД, Израел, Обединетото Кралство и други?
Што е еквисекуларност во комунизмот? Секуларен морфизам по еден терк или, просто кажано, модел на Коминтерната формирана во март 1919 или, уште поедноставно, „како ќе каже другарот Ленин, а подоцна Сталин“. Вербално, системот „се базираше“ на идеите на Маркс, но тешко е да се каже дека практичниот комунизам беше марксизам. Впрочем, накратко работата на Маркс беше детален опис и критика на капитализмот, на темелите на Адам Смит и Дејвид Рикардо, со „амалгамација“ на хегелијанизам (историски по сугестија на Мозес Хес, близок пријател на Маркс, и интересно – еден од творците на модерниот ционизам, пред Теодор Херцл). Идеи за „идниот“ комунизам се нафрлени во третиот том на „Капиталот“, кој всушност е синтетизиран од Енгелс на остатоци од ракописи на Маркс постхумно. Кога група автори блиски на Маркс се обиделе да ја „демократизираат“ теоријата на Маркс (тоа се подоцнежните социјалдемократи), Маркс рекол: „Значи јас не сум марксист“. Ете до кој степен уште на почетокот се инсистирало на израмнување (еквисекуларизација) плус хегемонизација на идеологијата.

Да се разбереме – комунизам никогаш не постоел. Тој псевдокомунизам подоцна создаде свој империјализам, кој Ленин и другите водачи го негираа, демек империјализмот е „сопственост“ само на капитализмот, што знаеме дека не е точно. Троцки тоа го извербализира како „интернационализам“. Значи, работничката класа е „една нација“ и светот се стопува во една цврста легура („ally is alloy“), па со инженерски речник преведи во „решетка“ („lattice“), идеален меч (Катана Масамуне и римски гладиус) односно идеално оружје, односно сила, односно двигателност („engine“), односно „револуција“ – комунистичка, неолиберална, уметничка, џихадистичка итн. Со Кина не шегувајте се – сите ќе гравитираат натаму (ултрафинансиски квазикомунизам). Сите овие се некакви „екви“, под дејство на сила. Имавме најмалку четири комунизми односно псевдокомунизми – сталинистички, маоистички, титоистички и кастроистички. А и капитализмот има мултифуркација, која може да е еквисекуларна (наметнат неолиберализам, посткеинсизам и суверенизам), потоа еквиконфесионална на пример умерен исламизам во Турција или Египет, или пак џихадизам кај Талибанците или Иран со тенденции на експанзија. А кај нас? Да не се лажеме, УЧК и царот Али, кои беа на црна листа на Стејт департментот, може да „воскреснат“. Нашиот систем, судот во Хаг и системите во Европа (баци-џихади) – ни да им писнат ни да дишат не смеат… тие ти се, брате, „европски ормуски теснец“. УЧК и царот се ослободени… Во лице ни се смеат…. Во посттрампизмот џихоманијата ќе букне и во САД-Канада! На Запад нема „етнички“ партии, но џихадот е биолошки инфилтриран во водечките партии и ја направија следната равенка – миграции еднакво на џихад-еквирелигиозност. Запомнете! Токму тој порив за експанзија, наметнување, компулзивна убиквитарност или стадо-формирање е она што го нарекуваме со префиксот „екви“ – истото си бара исто (читајте го Јиржи Косински, „Сина птица)“, или „термодинамски еквилибриум на општеството“ или генетска паралогија (барање компатибилни гени од ист вид), психоаналитички -„повреден нарцизам“. Но по претходно прикажаната теорија на Бабановски-Бабагинин, зад џихадизмот стојат службите за безбедност. Службите се специфичен вид на екви-диверзо-секуло-религиозност. Што значи тоа? Мајорните служби (на пр. ЦИА, МИ6, ДГСЕ) имаат дихотомни оддели – на пр. оддел за Палестинци, Сиријци, Пакистан итн. и оддел за Израел, кои верите ги ставаат во „кокпит“, па „играта на тронови“ се претвара во „игра на дронови“. Службите од Англија и ЕУ создадоа измеќарски тумултус на џихадот. Вашите внуци ќе бидат џихад. А тотална еквиекономија не е можна. На пример Маркс е една еквиморфија, Фридман друга, Дарон Ацемоглу трета, Коринек четврта, Маск петта, Трамп шеста, а БРИКС седма економска еквикинетика. Значи, економија вели има хетероекономија – дијалектика (стара) и мултилектика (нова, од постмодерна во постпостмодерна и метамодерна).

„Линеарна“ логика нема движење. За кинетика е потребна циклична, спирална или шок-логика. Креација во економијата станува од осцилации. Подоцна ќе видиме како логиката на „примитивност“ или „симплекс“ го победува „комплексот“ во современата војна. Кинеската стара логика на успех е во „симплексивност“.
Еквиконфесионалност е всушност библиски ентитет – „јас сум Господ Бог и нема други богови освен мене“. Гледајќи го низ призма на мошне интересниот Кант, јудаизмот е „а приори“, а христијанството и исламот („абрахамски религии“) се „а постериори“, што за жал ми призвучува „фашизоидно“ и асоцијативно на „категорискиот императив“. Уште Александар имал интерес за монотеизмот кај Евреите по неговата „прошетка“ во Ерусалим и Храмот, замислувајќи дека ако постои еден Бог, има и еден син, тој самиот.
А што со Македонија – дисолуција на комфорот и дисонанца со времето.

Проф. д-р Самуел Садикарио Колономос

(продолжува)