Фото: МИА

Здружението на Украинци во Македонија „Лесја Украинка“ денеска во Скопје одржа протест против руската воена агресија врз Украина.

Протестот започна околу детското игралиште зад Универзалната сала и заврши пред Амбасадата на Руската Федерација во Македонија.

Фото: МИА

Како што посочија од Здружението, протестот се организира „да потсетат на злосторствата извршени врз Украина и на одземените невини животи, вклучително и на децата“.