Фото: Приватна архива

Најверојатно уште во текот на денот тие ќе ја напуштат државата

Комисијата за односи со верските заедници е запознаена со групата странски државјани чие присуство во Куманово предизвика реакции во јавноста.
Даријан Сотировски, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи потврди дека тие се припадници на верејската секта, но дека во Македонија немаат дозвола за какви било верски активности.

Членовите на еврејската верска заедница Лев Тахор беа забележани во Македонија по талкањето низ повеќе европски држави од кои беа депортирани, со што нивното присуство ги вознемири граѓаните на Куманово, па се огласи и Министерството за внатрешни работи.

Каде ќе се скраси озлогласената Лев Тахор откако ги вознемири кумановци?

Истовремено нивниот престој во државата имал форма на транзит и најверојатно уште на текот на денот тие ќе ја напуштат државата.

– Комисијата за односи со верските заедници ги уверува граѓаните дека нема никаква основа за грижа, групата странски државјани кои по вероисповед се припадници на еврејска секта и имале престој во Куманово, транзитираат низ државата и денес истата ќе ја напуштат, на граничниот премин кон Албанија. Лицата од групата немаат воспоставено никаков контакт пред или за време на престојот со македонската Еврејска верска заедница, ниту имаат одобрен престој за вршење на манифестации на верата, богослужби или верски поуки. Нивниот престој не е во корелација со нивното верско убедување, ниту е забележана повреда на законот или правата и слободите на други лица наши државјани – сопштува Сотировски.