Директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Горан Трајковски денеска предупреди граѓаните да внимаваат кога купуваат пелети зашто може да им бидат понудени некои како А класа, а всушност да се А2 или Б, за индустриска употреба.
Таков е случајот, како што информира на прес-конференција, со пелетите кои се продавале како словенечки, а немале врска со Словенија.
– Понајдени се пелети декларирани како словенечки, а немаат врска со Словенија. Пакувани се во други држави, а не соодветствува и квалитетот. Граѓаните мора да знаат кога купуваат каде се пелетите произведени и како се пакувани, дури тогаш да одлучат да купат зашто во моментов имаме декларирање А1 класа, која може да е А2 или Б, за индустриска употреба – истакна Трајковски.
Моментно, дополни, се рвшат анализи надвор од земјава и случајот со палетите детално ќе биде презентиран идната недела.