Време за претпазливост, секој спасен живот почнува со навремена превенција
- Заштитете се себеси, но не заборавајте ниту на најранливите. Деновиве вниманието може да спаси човечки живот!
- Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) упатува силен апел до целата јавност да ги почитува препораките за заштита од високите температури,
особено во периодот од 11 до 17 часот, кога изложеноста на сонце носи најголем ризик. И ние, како медиум што ја препознава својата
општествена одговорност, им се придружуваме на овие повици. Грижата за сопственото здравје, но и за соседот, родителот, бабата, дедото, детето или за хронично болниот, деновиве може да направи разлика меѓу навремена превенција и сериозна здравствена состојба
Македонија влегува во период на екстремно високи температури, кои, според најавите, ќе траат најмалку до 7 август. Топлотните бранови одамна не се само непријатност. Тие претставуваат сериозна закана по јавното здравје и можат да предизвикаат тешки последици, особено кај најранливите категории граѓани. Токму затоа, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) упатува силен апел до целата јавност да ги почитува препораките за заштита од високите температури, особено во периодот од 11 до 17 часот, кога изложеноста на сонце носи најголем ризик. И ние, како медиум што ја препознава својата општествена одговорност, им се придружуваме на овие повици. Грижата за сопственото здравје, но и за соседот, родителот, бабата, дедото, детето или за хронично болниот, деновиве може да направи разлика меѓу навремена превенција и сериозна здравствена состојба.

Жештината станува сериозна опасност
Според Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), кога температурата на воздухот се приближува или ја надминува нормалната телесна температура од околу 36,7 Целзиусови степени, човечкиот организам сè потешко успева природно да се разладува.
Состојбата дополнително се влошува кога влажноста на воздухот е висока, бидејќи потта потешко испарува, а токму преку испарувањето телото ја регулира сопствената температура. Први знаци дека организмот не успева да се справи со жештината можат да бидат:
• чувство на слабост;
• сува уста;
• вртоглавица;
• гадење;
• прекумерно потење;
• сува кожа;
• мускулни грчеви.
Доколку состојбата напредува, може да се појават уште посериозни симптоми:
• престанување на потењето;
• екстремно жешка кожа;
• конфузија и зашеметеност;
• забрзана срцева работа;
• отежнато дишење;
• губење на свеста;
• а во најтешките случаи и смртен исход.
Категории граѓани што се под најголем ризик
ИЈЗ предупредува дека особено се ранливи:
• лицата постари од 60 години;
• бремените жени;
• доенчињата и децата;
• социјално ранливите лица;
• работниците што работат на отворено;
• лицата со хронични заболувања, особено кардиоваскуларни, белодробни, бубрежни заболувања, шеќерна болест, ментални заболувања и дебелина;
• лицата што примаат терапија што го зголемува мокрењето (диуретици), како и одредени лекови за епилепсија, Паркинсонова болест и други состојби.
Токму овие граѓани имаат потреба од дополнително внимание, редовно следење на здравствената состојба и поддршка од своите најблиски.
Најважните препораки што можат да спасат здравје – и живот
Институтот за јавно здравје препорачува:
• избегнување директно изложување на сонце и физички активности на отворено меѓу 11 и 17 часот;
• носење лесна, светла и широка облека;
• користење капа со широк обод и заштитни очила;
• престој во климатизирани или добро разладени простории;
• при неопходен престој надвор – чести паузи под сенка;
• затворање прозорци и ролетни преку ден, а проветрување навечер;
• умерена исхрана;
• избегнување масна, висококалорична и премногу засладена храна;
• редовно внесување течности без да се чека чувство на жед;
• најдобар избор е водата, а може да се консумираат и минерални безалкохолни пијалаци;
• избегнување алкохол, кофеин и многу ладни пијалаци. Н.М.z
Според Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), кога температурата на воздухот се приближува или ја надминува нормалната телесна температура од околу 36,7 Целзиусови степени, човечкиот организам сè потешко успева природно да се разладува.
Состојбата дополнително се влошува кога влажноста на воздухот е висока, бидејќи потта потешко испарува, а токму преку испарувањето телото ја регулира сопствената температура. Први знаци дека организмот не успева да се справи со жештината можат да бидат:
• чувство на слабост;
• сува уста;
• вртоглавица;
• гадење;
• прекумерно потење;
• сува кожа;
• мускулни грчеви.
Доколку состојбата напредува, може да се појават уште посериозни симптоми:
• престанување на потењето;
• екстремно жешка кожа;
• конфузија и зашеметеност;
• забрзана срцева работа;
• отежнато дишење;
• губење на свеста;
• а во најтешките случаи и смртен исход.
Категории граѓани што
се под најголем ризик
ИЈЗ предупредува дека особено се ранливи:
• лицата постари од 60 години;
• бремените жени;
• доенчињата и децата;
• социјално ранливите лица;
• работниците што работат на отворено;
• лицата со хронични заболувања, особено кардиоваскуларни, белодробни, бубрежни заболувања, шеќерна болест, ментални заболувања и дебелина;
• лицата што примаат терапија што го зголемува мокрењето (диуретици), како и одредени лекови за епилепсија, Паркинсонова болест и други состојби.
Токму овие граѓани имаат потреба од дополнително внимание, редовно следење на здравствената состојба и поддршка од своите најблиски.
Најважните препораки што можат да спасат здравје – и живот
Институтот за јавно здравје препорачува:
• избегнување директно изложување на сонце и физички активности на отворено меѓу 11 и 17 часот;
• носење лесна, светла и широка облека;
• користење капа со широк обод и заштитни очила;
• престој во климатизирани или добро разладени простории;
• при неопходен престој надвор – чести паузи под сенка;
• затворање прозорци и ролетни преку ден, а проветрување навечер;
• умерена исхрана;
• избегнување масна, висококалорична и премногу засладена храна;
• редовно внесување течности без да се чека чувство на жед;
• најдобар избор е водата, а може да се консумираат и минерални безалкохолни пијалаци;
• избегнување алкохол, кофеин и многу ладни пијалаци. Н.М.
Никогаш не оставајте човек, ниту животно, во затворено возило!
- Никогаш не оставајте деца, постари лица, болни лица или домашни миленици во автомобил, дури ни на краток временски период
Една од најважните пораки што повторно ја потенцира Институтот за јавно здравје е опасноста од престој во паркирани автомобили. Целосно затвореното возило за многу кратко време достигнува екстремно високи температури, кои можат да бидат смртоносни. Затоа, никогаш не оставајте деца, постари лица, болни лица или домашни миленици во автомобил, дури ни на краток временски период.
Доколку се наоѓате во паркирано возило, отворете ги прозорците за да овозможите проветрување.
Лицата со хронични заболувања мора да бидат особено внимателни
Институтот потсетува дека лицата со кардиоваскуларни, невролошки и белодробни заболувања треба дисциплинирано да ја земаат својата редовна терапија и внимателно да ја следат здравствената состојба.
При секоја промена или појава на нови симптоми задолжително треба да се направат консултации со матичниот лекар. Н.М.
Што да направите ако почувствувате дека жештината ве совладува?
Ако почувствувате:
• зашеметеност;
• слабост;
• силна жед;
• главоболка;
• вознемиреност;
веднаш преместете се во постудена просторија, измерете ја телесната температура и започнете со постепена рехидратација со вода или минерален негазиран пијалак.
Доколку се јават болни мускулни грчеви, најчесто во нозете, рацете или во стомакот, неопходно е веднаш да се одморите на ладно место и да внесете течност што содржи електролити.
Ако грчевите траат повеќе од еден час, задолжително побарајте лекарска помош.
Кога е потребна итна медицинска интервенција?
Доколку некое лице има:
• многу жешка и сува кожа;
• конфузија;
• грчеви;
• губење на свеста;
веднаш јавете се на 194 или 112.
До пристигнувањето на итната медицинска помош:
• префрлете го лицето на ладно место;
• поставете го во хоризонтална положба;
• подигнете ги нозете околу 20 сантиметри;
• соблечете го вишокот облека;
• ставајте ладни облоги на вратот, пазувите и препоните;
• прскајте ја кожата со вода и постојано разладувајте го лицето;
• не давајте никаква терапија;
• доколку лицето е без свест, поставете го во странична (бочна) положба до пристигнувањето на медицинската екипа.
Грижата за другите деновиве исто толку е важна колку и грижата за себе
Топлотниот бран не ги погодува сите еднакво. Додека едни можат полесно да ги поднесат високите температури, за други тие можат да претставуваат сериозна закана по животот.
Затоа, овие денови вреди да се направи едноставен, но многу важен чекор – да им се јавиме или да ги посетиме постарите родители, бабите и дедовците, соседите што живеат сами, хронично болните или лицата со попреченост и да провериме дали имаат доволно вода, дали престојуваат на ладно место и дали се чувствуваат добро.
Превенцијата секогаш е најдобрата заштита. Една навремена реакција, еден телефонски повик или една чаша вода понекогаш можат да значат многу повеќе отколку што мислиме.
Во деновите што следуваат, најважната порака е едноставна: почитувајте ги препораките на здравствените институции, избегнувајте непотребно изложување на сонце, грижете се за сопственото здравје и покажете грижа за оние на кои помошта им е најпотребна. Зашто, во екстремни горештини, вниманието и солидарноста можат да спасат човечки живот. Н.М.