ЈП Водовод и канализација – Скопје континуирано работи на одржување, подобрување и обнова на водоводната и канализационата мрежа во градот Скопје, со цел задоволување на потребите на корисниците.
Во изминатиот период екипата на секторот Канализација при ЈП Водовод и канализација – Скопје во соработка со Општина Кисела Вода, а на барање на граѓаните изведе реконструкција на фекална канализација.
– Реконструкцијата на фекалната канализација беше изведена со поставување на
нова одводна цевка со дијаметар од 250мм и четири нови шахти. Со овој зафат се
овозможи подобрување на одведувањето на отпадните води во овој дел – истакна
Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.