Фото: „Нова Македонија“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, тврди дека ако се покажат точни информациите дека иселеници примале плата од „Комунална хигиена“ – секој ќе си сноси одговорност. Тој е дециден: „Нема да имаме отстапка за ниту една ситуација, ова треба да биде санкционирано за да се стави крај“.

-Навистина, ниту Скопје ниту граѓаните не го заслужија ова што се случи изминативе денови. Еколошка катастрофа, која ги загрозува здравјето и животот на граѓаните. И без да навлегуваме во причините – ова е катастрофа. Најмалку сакам превирањата да влијаат врз животот на граѓаните. Ние вчера очекувавме и мислам дека денеска треба да биде доставен записникот од Инспекторатот за животна средина, Комуналниот инспекторат и од Инспекторите на Град Скопје за да ги видиме нивните наоди. Во координација сме со обвинител. Ако има елементи за кривично дело, за сите сторители што придонесоа главниот град да се дави во смет – можно е да бидат поднесени кривични пријави – најави Спасовски.

Ако имало недоследности во работењето и биле злоупотребени буџетски средства – нема да имаме отстапка, ќе има одговорност, најави Спасовски. Рече и дека е поднесена кривичната пријава за насилство оти работници биле нападнати од други вработени во „Комунална хигиена“