Денеска започна реконструкцијата на коловоз на главниот уличен крак во село
Логоварди, во должина од 744 метри.
Улицата ќе биде со ширина на коловозот од 3,5 метри, надополнета од секоја страна со гранитна коцка во ширина од половина метар, со што целосната ширина ќе изнесува
4,5 метри. Паралелно ќе се врши изработка на бетонски одводни канали и пропусти, како и прилагодување на влезовите од објектите кон новата нивелета.
Вредноста на реконструкцијата на улицата, која е дел од проектот „Изградба, реконструкција и рехабилитација на 23 улици“, од програмата на градоначалникот Тони
Коњановски е над 7.000.000 денари, кој денеска изврши увид во теренските активности на улицата, чија реконструкција е од огромно значење за жителите на Логоварди. М.М.