По 40 години од изградбата на централното основно училиште „Свети Климент Охридски“ во Македонски Брод, кое го посетуваат 460 ученици, доби нов енергетски покрив, со што и губитокот на топлинска енергија во зимските месеци ќе биде далеку помал а училишната зграда ќе биде безбедна од секаков вид невреме дожд, град или снег.
-Со средства што ги обезбеди Министерството за образование во износ од три милиони денари, изминатите три седмици беше извршена промена на покривната конструкција. Покрај тоа што на покривот од нашето училиште поставен е нов пластифициран лим со долг век на траење, во потпокривната конструкција поставени се и нови елементи кои ќе придонесат топлината во училниците и канцелариите што се добива по загревањето на училишната зграда да биде подолготрајна и со значително помал губиток. Со овој зафат ползата за училишната зграда и за учениците кои тука ја следат наставата ќе биде повеќекратна – рече директорот Тони Ставрески и ги наведе придобивките за училиштето од промената на покривната конструкција.
Тој нагласи дека од почетокот на работа во оваа училишна зграда, досега не била променета покривната конструкција и тоа за прв пат е изведено годинава.
З.А.