Проширување во 2030 година?! Добро е, но зошто да не биде веќе утре?

Будимпешта од Блед порачува: ЕУ ја губи силата!

Шефот на унгарската дипломатија на панелот на Стратегискиот форум во Блед испрати порака до пошироката светска јавност дека Европската Унија е „во лоша состојба“ и дека таквата состојба важи на глобално ниво, бидејќи поради своите одлуки значително ја изгубила силата. Во својата експликација, шефот на унгарската дипломатија на панелот на Стратегискиот форум во Блед анализираше три главни области во кои ЕУ значително потфрла и слабее: во областа на безбедноста, потоа како економска сила и трето, во областа на енергетиката.

Забелешките на Будимпешта за ЕУ и неколку споредби со Кина

Шефот на унгарската дипломатија Сијарто, на панелот на Стратегискиот форум во Блед рече дека „како што му покажале деветте години соработка со другите европски министри, ЕУ секогаш ги повикува двете страни да седнат на маса и да постигнат мирно решение во глобалните подалечни конфликти, но дека во случајот на руската агресија против Украина, ЕУ не го прави тоа“.
– Кога зборувате за потребата од брзо примирје и прекин на огнот, веднаш ве оценуваат и стигматизираат како руски шпион, пропагандист на Кремљ и пријател на Путин – рече тој.

На економски план, Сијарто истакна дека во 2010 година ЕУ имаше 22 отсто удел во светскиот БДП наспроти 9 на Кина, но дека денес таа азиска земја има 18 отсто, а ЕУ исто така 18 отсто.

Шефот на унгарската дипломатија Сијарто смета дека ЕУ не го нашла „вистинскиот начин“ за односот со растечката економија на Кина и дека тоа е лошо за европската економија.
– Посилната соработка со Кина е нешто што би помогнало за растот на европската економија – сугерираше шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.

Во однос на енергијата, шефот на унгарската дипломатија смета дека Европејците премногу се водат од идеологијата, а премалку од нејзиниот физичко-инфраструктурен аспект. Тој нагласи дека во оваа област, клучно е ЕУ да биде „посилна и поголема“, односно да го забрза процесот на проширување што е можно повеќе!
– Проширување во 2030 година?! Добро е, но зошто да не биде веќе утре? – праша унгарскиот министер, осврнувајќи се на изјавата на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој вчера рече дека Алијансата и земјите-кандидати мора да бидат подготвени за проширување до таа година.

Сијарто додаде дека „областа на Западен Балкан е исто така клучна област за транзит на енергија, што е дополнителна причина за проширување“! П.Р.