Православните верници на 28 август го прославија големиот празник Успение на Пресвета Богородица. Со свечени литургии во многу храмови и со молитви, голем број верници и граѓани ги посетија црквите и манастирите.
Одекнаа камбаните во чест на воскресението на божјата мајка, православните христијани прославуваат еден од најголемите верски празници, Успение на Пресвета Богородица, заштитничката на луѓето. Духот на празникот силно пулсира во Скопје, чиј заштитник се смета токму Пресвета Богородица. Улиците беа речиси празни, но храмовите и нивните дворови уште од утрината пречекаа илјадници граѓани, кои во редици чекаа да влезат и да се причестат.
На овој празник се изразуваат и хуманоста и грижата за туѓиот живот, дарувањето крв и годинава остана доследно на традицијата, овој пат 20-годишнината се одбележа во Домот на АРМ.
Крводарителите велат дека главен мотив е да се помогне, бидејќи не се знае моментот кога некому ќе му треба крв.
Успение на Пресвета Богородица е еден од најзначајните христијански празници кај православните, католиците и протестантите, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос. Христијаните веруваат дека, како Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму е и називот успение, што значи искачување.