Фото: Влада

Оваа година е многу важна за нас зашто, од осамостојувањето на државата до денес, првпат ќе бидеме целосно независни од источниот дел во однос на снабдувањето со енергенси, посебно во делот на природен гас, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Во дискусијата на панелот „Инвестиции во енергетска транзиција и инфраструктура за здрава животна средина и европска иднина“ што се одржува во рамки на конференција „Година на европски можности“, Бектеши информира дека е во завршна фаза и ставањето во функција на продуктоводот кој е изграден повеќе од една деценија, но кој досега не проработи. Првичната цел на продуктоводот, потсети Бектеши, беше пренос на сурова нафта, а сега, со последните измени на законот за енергетика, преку него ќе може да се пренесуваат и други деривати, вклучувајќи го и дизелот.

– Пораката е дека по 1991 година до денес нашата држава била зависна од источниот дел за снабдување со енергенси. Од оваа година натаму нема да бидеме зависни од ниту една држава, сами ќе одлучиме согласно принципите на конурентност и дополнитлени можности во делот на снабдување со енергенси што ќе ја зголеми безбедноста на нашата држава и ќе ја забрза интеграцијата во ЕУ – истакна Бектеши.

Тој најави дека Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција предвидува инвестиција во инфраструктурата и поврзување со соседите, како и трансформација на домашните капацитети од конвенционално производство на „зелена енергија“.

-Во делот на фосилните горива, успеавме преку преговори со ЕУ и други засегнати страни да го преминеме рокот од 2030 до 2040 година за да ги пренасочиме нашите блокови, посебно во РЕК Битола и РЕК Осломеј, како и во ТЕЦ Неготино, од производтсво на електирчна енергија со јаглен на природен гас, имајќи предвид дека после децении почнуваме со градење нов интерконетор кој ќе овозможи безбедност во снабдување со енергенси, но генерално и за државатан зашто до овој момент бевме целосно зависни од една влезна точка за снабдување со природен гас – со Република Бугарија, која, за жал, до 2030 година е закупена од „Газпром“ – истакна Бектеши.

Според него, МЕПСО работи исклучително добро во делот на поврзуивање на пазарите на електрична енергија и со Косово и со Грција.

На панелот, по Бектеши, зборува министерката за животна средина Каја Шукова.


Во тек изградба на нов интерконектор со Албанија, се предвидува и ново поврзување со Грција

Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека е можно земјава да биде прва во регионот по инвестиции во батериски системи за складирање електрична енергија. Ваквите инвестиции, како што рече денеска на панелот во рамки на конференцијата „Година на европски можности“, е предвидено со законот за обновливи извори на енергија кој веќе е на ЕНЕР.

Бектеши информира и дека е во тек изградба на нов интерконектор со Албанија, а се предвидува и ново поврзување со Грција, Битола – Евзони, за во месеците кога државава ќе има вишок на производство на електрична енергија, да им даде на Албанија и Грција кои, како туристички места, посебно од мај до октомври, имаат повеќе потреба од струја. Со тоа, напомена, ќе станеме и извозници.

-За законот веќе е одржана и првата јавна расправа. Има коментари од приватниот сектор и од институции. Една од главните работи во законот е складирањето на електрична енергија преку батериски системи. Мислам дека ќе бидеме први во регионот што ќе почнеме со вакви инвестиции. Тоа ќе биде по принцип на конкурентност, ќе можат и приватни комапнии да направат такви инвестиции. Предвиден е принцип на конкурентост и во изградабата на фотонапонските централи и други видови обновливи извори – рече Бектеши и апелира, сите заинтерсирани страни да учествуваат во јавните расправи и да даваат коментари кои ќе бидат разгледани, а најдборите препораки ќе бидат прифатени и предложени до пратерниците за да бидат изгласани што побрзо.