Фото: Маја Јаневска-Илиева

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на следните парламентарни избори ќе се кандидира во првата изборна единица, соопштија денеска од опозициската политичка партија.

– Таче и Мицко ќе се кандидирале у кецот. Еве, да ги усреќам. И ја ќе се кандидирам у кецот – се вели во изјавата на Апасиев, пренесена во соопштението на Левица.

Претходно, претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објавија дека на следните избори ќе се кандидираат во првата изборна единица.