Употребата на референцата „македонски јазик“ се јавува како единствена пречка за потпишување на договорот за Фронтекс помеѓу Македонија и ЕУ, известува МИА откако од Европската Комисија побарала одговор за ова прашање. Договорот со Македонија за Фронтекс е инициран во јули 2018, но останува непотпишан само поради Бугарија.

– Референцата „македонски јазик“ е единствената пречка што преостанува за потпишување на договорот – стои во писмениот одговор од Европската Комисија до МИА.

 ЕУ во последните две години потпиша ваков договор за интегрирано гранично управување со Албанија, Црна Гора и со Србија.