Фото: Илустрација

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија рано утринава регистрира два земјотреса од кои првиот 120 километри југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Струмица, а вториот на 70 километри југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Св. Николе – Штип.

Како што информираат оттаму,  според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, првиот земјотрес се случил во 4.55 часот со Рихтерова локална магнитуда 2,2 и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала и бил почувствуван од населението во Струмица и околината, а вториот се случи во 6.32 часот со Рихтерова локална магнитуда 2 и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала и бил почувствуван од населението во Штип и околината.