Фото: Н.М.

Владата преку Министерството за внатрешни работи го реши проблемот со застојот со издавање на пасоши и други лични документи. Ако пред извесен период за нив се чекаше по неколку месеци, денес тие се вадат во законскиот рок од 15 дена, информираат од Владата.

-Од минатата Влада наследениот проблем е решен за само 4 месеци. Реорганизацијата која беше направена и кадровското доекипирање придонесе да се постигне заостанатата количина на пасоши и лични документи кои сега се издаваат во редовниот рок. Нема повеќе метежи и турканици пред шалтерите – велат од Владата.

Досега се издадени 750.000 возачки дозволи со новото уставно име.

-Апелираме граѓаните да го искористат претстојниот период за да навремено се испочитува обврската – велат од Владата.