Црквата „Свети Константин и Елена“ лоцирана во строгиот центар на Скопје, на улица Македонија, била обиена во периодот меѓу 14 и 18 јануари годинава.
Како што информираат од МВР, злосторството било пријавено вчера во утринските часови, а според пријавата со употреба на сила било влезено во црквата и биле одземени предмети.
Полицијата работи на расчистување на случајот.