Фото: ВМРО -ДПМНЕ

Заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска на својот Фејсбук профил објави дека е исплатена плата на Македонски железници инфраструктура, Македонски железници транспорт и Македонски пошти.

-Ветив дека 4400 вработени нема да ги оставам без плата! Плата е исплатена на Македонски Железници Инфраструктура, Македонски Железници Транспорт и Македонски Пошти. Повикувам на одговорност за претходните раководства за недомаќинско работење. Во мојата четврта недела како Министер покажувам дека може поинаку – напиша Николоски на Фејсбук.