Фото: ЦУК

Голем пожар избувна на патот од Желино кон Сиричино во кој горат автомобилски гуми, што создаде и густ црн чад кој се забележува низ целиот тетовски регион. Според првичните информации пожарот избувнал околу 12 часот и 30 минути.

– Територијалната противпожарна единица Тетово интервенира на запалени гуми спроти фабрика Киел во село Желино кај подвозникот кон село Сиричино (Општина Желино). Гаснењето е отежнато поради големата количина на автомобилски гуми, се очекува целосно гаснење за максимум два часа, соопшти Центарот за управување со кризи.

Според проценките на ЦУК нема опасност пожарот да зафати соседни објекти.