Фото: МИА

Почина родилка од Делчево на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Родилката прво била донесена во болницата во Штип, а лекарите поради итноста на случајот веднаш ја имаат внесено во сала, каде што го извршиле породувањето, но настапило масивно крвавење кај родилката, по што веднаш и е извршена интервенција. Мајката и новороденчето веднаш се транспортирани во Клиничкиот центар во Скопје.

Од Клиничка болница-Штип најавија повеќе информации во писмено соопштение во текот на утрешниот ден.