Илустрација / Фото: Игор Бансколиев

Полицијата пронашла исчезнато повозрасно лице на патот за Пелистер.

Според информациите, синоќа, по добиена пријава од страна на 76-годишна жена, според која нејзиниот 78-годишен сопруг, кој имал здравствени проблеми, во 13 часот излегол од нивниот дом во Битола и не се вратил дома, од страна на полициски службеници од СВР Битола веднаш се преземени мерки за негово пронаоѓање.

Во текот на потрагата извршено е пребарување на поширок периметар во и околу Битола и за два и пол часа од добиената пријава, поточно во 23.45 часот, на патот Битола – Пелистер, поконкретно на патот за с. Нижеполе, лицето е пронајдено во добра здравствена состојба и безбедно вратено во домот.