Фото: Пекселс

Сакате брзо да изгубите значителен број килограми без дополнително вежбање, но и без некои особени ограничувања? Тогаш диетата со банани е одличен избор за вас во процесот на слабеење, пишува „Кликс.ба“.

Овошните диети се идеален начин за слабеење, бидејќи се нискокалорични, а од друга страна, поради природните шеќери, можат да ви помогнат да ја намалите желбата за нездрави слатки оброци. Започнете го утрото со чаша млака вода, а потоа појадувајте голема банана. Можете да изедете и повеќе, но сепак не претерувајте. Ако сè уште се чувствувате гладни, почекајте најмалку 20 минути и потоа каснете нешто што содржи помалку од 200 калории.

Иако во оваа диета не постојат строги ограничувања за тоа што друго смеете да јадете, сепак постојат некои правила кои треба да ги почитувате за диетата да биде што е можно поуспешна, односно да изгубите што повеќе килограми. Се препорачува да се избегнува мрсната и пржена храна, но и десертот после оброк. Многу е важно да го препознаете моментот кога сте сити, па затоа се препорачува храната да ја џвакате подолго од вообичаено. Последниот оброк не треба да биде после 20 часот, а идеално би било да не јадете ништо после 18 часот.

Кога станува збор за пијалоци, водата е единствениот пијалок што треба да го консумирате. Важно е таа да е на собна температура. Како ужина ви предлагаме да земете парче темно чоколадо или некое овошје, но само пред ручек, никако пред вечера. Доколку сте поголеми љубители на солена храна, за ужина може да јадете пуканки.