Денеска во 09.20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во дворно место во населба Керамидница во Скопје била фрлена експлозивна направа. Од експлозијата со повреди се здобил Р.Т., кој е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош, информираат од МВР.
Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.