Фото: Архива

Две седумнаесетгодишни девојки се пријавени за исчезнати, откако го напуштиле „СОС Детско село“, информира МВР.

– Вчера во 00.30 часот во СВР Скопје, од „СОС Детско Село“ пријавиле дека од домот се оддалечиле корисничките К.А.(17) и А.Ѓ.(17).  – се наведува во билтенот на МВР.

Полицијата презема мерки за нивно пронаоѓање.