Апелацискиот суд Скопје ја уважил жалбата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ , Крсто Мукоски, кој беше во куќен притвор за настаните во Собранието на 27 април минатата година.

-Апелациониот суд Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска достави решение со кое ја уважил жалбата на Крсто Мукоски, обвинет во предметот со КОК бр. 40/18 поврзан со настаните од 27 април 2018 година во Собранието на РМ со кое ја уважил жалбата изјавена против решението на Кривичниот совет. Судот го преиначил решението на советот со што ја укинал мерката куќен притвор, определена со решение на Врховен суд на РМ, продолжена со решение на кривичен совет при Основен суд Скопје 1 – Скопје. Судот му определил на Мукоски мерки за претпазливост – Одземање на патна исправа, односно забрана за издавање нова и Обврска обвинетиот повремено да се јавува на овластено службено лице во судот во Струга, соопшти Судот.